Спорт
Евро 2020: Може да не чека група на смртта – Франција, Германија и Португалија!

Македонија, доколку успее да го помине баражот, може да заврши во лудата „група на смртта“ на Европското првенство, односно групата Ф во која се наоѓаат светскиот шампион Франција, секогаш моќната Франција и европскиот шампион Португалија.
Помалку компликуваната ждрепка значи дека Македонија, како евентуален победник на баражот Д, односно ако прво го победи Косово дома, а потоа Грузија или Белорусија на гости, може да заврши само во две групи – Ц и Ф. Во групата Ц би не пречекале Холандија, Украина и Австрија.
Ако Исланд, Бугарија или Унгарија победат низ „патеката“ А тие влегуваат во групата Ф, а победникот од „патеката“ Д (потенцијално Македонија), оди во групата Ц.
ЕВРО 2020
ГРУПА А
Турција
Италија
Велс
Швајцарија
ГРУПА Б
Белгија
Русија
Данска
Финска
ГРУПА Ц
Холандија
Украина
Австрија
ПЛЕЈ ОФ А/ПЛЕЈ ОФ Д
ГРУПА Д
Англија
Хрватска
Чешка Република
ПЛЕЈ ОФ Ц
ГРУПА Е
Шпанија
Полска
Шведска
ПЛЕЈ ОФ Б
ГРУПА Ф
Франција
Германија
Португалија
ПЛЕЈ ОФ А/ПЛЕЈ ОФ Д
ПЛЕЈ ОФ А: Исланд, Романија, Бугарија, Унгарија
ПЛЕЈ ОФ Б: Шкотска, Израел, Норвешка, Србија
ПЛЕЈ ОФ Ц: Босна и Херцеоговина, Северна Ирска, Словачка, Ирска
ПЛЕЈ ОФ Д: Македонија, Косово, Грузија, Белорусија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/
Спорт
(Видео) Кошаркар од Филипини доживотно суспендиран поради ужасен удар

Мајк Сорела повеќе нема да биде дел од кошаркарските натпревари, по она што го направи на натпреварот од MPBL на Филипините.
Играчот на Ген Сан Вориорс, Мајк Сорела, го удри Јонас Тибајан толку силно за време на натпреварот против Миндоро Тамаравс што му нанесе сериозни телесни повреди. За дивјачкиот потег, Сорела беше казнет со 200 илјади филипински пезоси, што е околу три илјади евра, но што е поважно, тој е суспендиран доживотно. Ова значи дека никогаш повеќе нема да го видиме на кошаркарските терени.
Inacreditável o que aconteceu em um jogo de basquete nas Filipinas.
O jogador que sofreu a agressão, Jonas Tibayan, quebrou a mandíbula e sofreu uma concussão.
Michole Sorela, o agressor, foi banido pra sempre do basquete filipino. pic.twitter.com/sjN8NFsrum
— NBA da bad (@NBAdabad) August 13, 2025
На Тибајан му е скршена вилицата, има потрес на мозокот, а има и расекотини на усната. Тибајан може и да го тужи Сорела.
Спорт
Зголеми ја својата добивка за 1.000 отсто во „Моцарт“

Oд 15 август во Mozzart обложувалници е активен HAPPY HOUR БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!
Бонусот важи за сите ИГРИ и за натпревари со квота 1.35 или поголема. Бонусот важи за елементарни тикети, а доколку на тикетот има натпревар со квота помала од 1.35, тикетот влегува во пресметката, но тој натпревар не влегува во пресметката за бонус.
Happy Hour бонусот важи во термините 9 – 11 ч. и 19 – 21 ч.
Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!
(ПР)