Свет
Регрут на Исламска држава и нејзината ќерка се вратија во Ирска
Државјанка на Ирска, која станала невеста на Исламска држава денеска се врати во Даблин заедно со нејзината двегодишна ќерка. Таа е поранешен ирски војник, а живеела со ќерката во бегалски камп во Сирија и рекла дека не била вмешана во борбите и не тренирала девојчиња да станат борци.
Лиса Смит се приклучила на Исламска држава на возраст од 33 години, откако се развела од сопругот зошто тој не сакал да ја следи. Исто така тврди дека била посетена најмалку еднаш од ФБИ, при што била испрашувана и тие ѝ зеле отпечаток од прст и ДНА.
Се очекува таа да биде сослушана од полицијата во врска со терористичките најави за изведување напади. Се планира и преземање мерки околу грижата за нејзината ќерка, која е родена во Сирија, но исто така е ирски државјанин.
Ирскиот премиер претходно изјави дека Смит секако ќе биде испрашана ако се врати во Ирска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола за да остане во Белата куќа поради ураганот Милтон на брегот на заливот на Флорида, соопшти денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираниот пат и силата“ на бурата.
Таа не прецизираше кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден претходно вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари.
Свет
(Видео) Напaднат унгарскиот премиер Виктор Орбан
Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.
На видеото објавено од Corriere della Sera се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот.
🔵#Strasburgo Protesta solitaria durante la conferenza stampa del premier ungherese. Pochi minuti dopo l’inizio, un giovane ha fatto irruzione in sala, si è avvicinato a #Orban urlando parole in ungherese e gettandogli addosso fogli e cartacce. L’uomo è stato subito immobilizzato pic.twitter.com/ajmNhPFQVu
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) October 8, 2024
Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата.
„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.
Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.
„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.
Како што потсетува Телекс, Џекички фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.
Свет
Во експлозија во Пакистан загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана
Двајца кинески државјани, кои во неделата загинаа во експлозија во близина на меѓународниот аеродром во Карачи, работеле во електрана, соопштија денеска властите.
Ројтерс објави дека тоа е еден од најсериозните напади врз кинески државјани во Пакистан откако бомбаш самоубиец уби пет кинески инженери кои работеа на хидроелектричен проект во март, што го натера Пекинг да го повика Исламабад да преземе построги безбедносни мерки.
Кинеската амбасада во Исламабад и пакистанското Министерство за надворешни работи ја опишаа неделната експлозија како „терористички напад“.