Спорт
Нико Хилкенберг спектакуларно престигнат од Саинс во својот последен круг во Ф1 (видео)

Престигнувањето на Карлос Саинс Јуниор во Мекларен над Нико Хилкенберг во последниот круг од Абу Даби ГП-трката не беше покажан на ТВ-преносот, но љубителите на Ф1 не смеат да го пропуштат.
Саинс мораше да го помине Реното на Хилкенберг (кој е без договор и најверојатно ја возеше последната Ф1-трка) за да стигне до 10. место и да го помине Пјер Гасли на шестото место во генерален пласман.
Бидејќи немаше доволно место во првата ДРС-зона, вториот обид на 11-тата кривина беше негова последна шанса да направи нешто повеќе и тој успеа во тоа.
Last lap: P11. Needs a P10 finish to seal 6th in the championship…
Take it away @Carlossainz55 ?#AbuDhabiGP ?? #F1 pic.twitter.com/YtDQbeCj3f
— Formula 1 (@F1) December 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мемфис го прегази Далас, Мајами преку Атланта избори плеј-оф

Маjами Хит и Мемфис Гризлис се последни учесници во плеј-офот во НБА лигата.
Мајами Хит ја совлада Атланта Хокс со резултат 123:114 и закажа дуел со Кливленд Кавалирс во првото коло од плеј-офот.
Тимот на Ерик Споелстра, го предводеше од Тајлер Хиро со 30 поени со 8 скока и 7 асистенции, додека Ендрју Вигинс имаше 20 поени, и по 8 скока и асистенции, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл од 17 поени и 11 скока.
Мајами станаа првиот тим што успеал од десеттото место да се пласира во плеј-офот.
Сега им претстои дуел против најдобриот тим во Источната конференција, Кливленд Кавалирс.
Екипата на Мемфис Гризлис го победи Далас Маверикс со 120:106 и се избори за четвртфинална серија против првопласираната Оклахома.
Тоа значи дека Далас Маверикс ја завршија сезоната во април, што ќе ги разбесни навивачите на Тексас. Само една година претходно, Далас Маверикс се бореа со Бостон Селтикс во финалето на НБА и имаа шанса за шампионски прстен.
Маверикс се петтиот тим во последните 25 години кој го пропуштил плеј-офот една година по финалето на НБА.
На Далас не му помогнаа 40-те поени на Ентони Дејвис, додека Клеј Томпсон имаше 18, Брендон Вилијамс 16, а Наџи Маршал 13 …
Мемфис го предводеше Џерен Џексон со 24 поени, Бејн постигна 22, исто толку имаше и Џа Морент, Зек Иди постигна 15 со 11 скока.
Спорт
Реал го декласира Баерн, избори пласман во плеј-офот

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Баерн со 93:71 во последниот натпревар одигран во рамките на плеј-ин во Евролигата.
Реал ја комплетира листата на учесници во плеј-офот, во четвртфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Избраниците на Чус Матео го диктираа ритамот од стартот на мечот, во ниту еден момент не му дозволија на Баерн да се врати и забележаа рутинска победа. Реал во првите десет минути ги реши сите дилеми кога оствари предност 33:17. Тимот од Минхен беше ослабен, Карсен Едвардс остана надвор од тимот поради повреда.
Кај Реал Мадрид најрасположен беше Марио Хезоња со 19 поени со седум скока и една асистенција, а го следеше Џанан Муса со 16 поени и пет скока.
Двоцифрени беа и Алберто Абалде со 13 поени и три асистенции, Факундо Кампацо со 12 поени, четири скока и пет асистенции, како и Валтер Таварес со 10 поени и три скока.
Кај Баерн се истакна Шабаз Напиер со 19 поени, четири скока и три асистенции, а го следеше Андреас Обст со 12 поени и три скока.
Двоцифрен беше и Девин Букер со 10 поени и три скока.
Плејо-фот започнува следниот вторник на 22 април (Фенер – Париз од 19:45 часот и ПАО – Ефес од 20:30 часот) и ќе трае најдоцна до 7 мај доколку има потреба мајсторки.
Спорт
Алонсо не сака да го поврзуваат со Реал

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо одби да ги коментира наводите на одредени медиуми дека тој на лето ќе стане тренер на Реал Мадрид и истакна дека не е време да се зборува за иднината.
Некои шпански и германски медиуми објавија дека Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал на крајот од сезоната, пред почетокот на Светското клупско првенство.
„Ова не е добар момент да зборуваме за иднината. Се наоѓаме во исклучително важен период од сезоната. Не сакам да коментирам шпекулации. Најважно ми е што се случува сега и што го чека мојот клуб до крајот на сезоната”, изјави Шпанецот на денешната прес-конференција.
Чаби Алонсо (43) играше за Реал од 2009 до 2014 година, а медиумите долго време од лани пишуваат дека тој ќе го наследни Анчелоти.
Италијанецот има договор до јуни следната година, но повеќето медиуми веруваат дека тој ќе го напушти клубот во јуни.