Македонија
Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и ги кани на средба
„Со целосна почит за исклучителната важност на темите што ги загрижуваат сите граѓани во земјата, особено оние од најпогодените градови, Владата со внимание ги прифати и разгледа барањата кои ги поставија организаторите на ‘Марш за чист воздух’ како услов за одржување на средба и ја подготви оваа информација која ги опфаќа сите наведени точки“, се вели во соопштението.
Во однос на првото барање за указ за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште, од Владата информираат дека ова барање е прифатливо. „Истовремено информираме дека ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште моментално е на усогласување во Градот Скопје, и се очекува да биде усвоен на наредната седница на Советот на градот. Потоа Министерството за транспорт и врски и Општина Гази Баба во најкраток можен рок ќе го разгледаат усогласениот ДУП, по што планот ќе биде усвоен најдоцна до крајот на 2019 година“, се вели во соопштението.
„Во однос на барањето ЈО да отвори истрага за ‘Охис’ и за палење на кабли во Скопје, Владата го прифаќа вашето барање и ги става на располагање сите доказни материјали кои се прибрани од институциите со кои раководи, како што се Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), и го повикува ЈО да го слушне гласот на граѓаните и да отвори постапка за ‘Охис’ и за палењето кабли во Скопје.Со ова само сакаме да потенцираме дека МЖСПП и ДИЖС секогаш и без исклучок соработуваат и ќе соработуваат со истражните постапки на републичкото ЈО или на ЈО Скопје, како и со сите останати основни јавни обвинителства.
За барањето да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја, Владата го прифаќа барањето. Во новите предлог-измени на Законот за животна средина предвидени се два нови члена (член 28-а и 28-б) кои директно се однесуваат на управувањето со контаминираните подрачја, а се поврзани со барањето на „Марш за чист воздух“. Предлог-измените ги покриваат начинот и методологијата за идентификација на контаминираните подрачја, видот и нивоата на опасни супстанции во медиумите на животната средина како показател за контаминацијата на одредено идентификувано подрачје, и даваат насоки за дефинирање на планови за управување со контаминирано подрачје. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина е ставен како точка на дневен ред на 130-тата седница на Генералниот колегиум на Владата, закажана за 4 декември 2019 (среда), по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Влада на 10 декември 2019 (вторник), а потоа и на усвојување во Собранието на Северна Македонија.
Во однос на барањето за стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци, Владата го прифаќа вашето барање и ги стопира усогласувањата.
Владата го профаќа и барањето за поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат. Апликацијата ќе биде поднесена откако ќе биде потпишан анексот на Студијата за валоризација за Студенчишко Блато, како и потпишувањето на договорот за Студија за ревалоризација на Охридското Езеро помеѓу ГЕФ, МЖСПП и УНЕП до крајот на 2019 година“, се додава во соопштението.
Во однос на одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица-Штука“, Владата потсетува дека одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица-Штука“, како еден од условите што организаторите на „Марш за чист воздух“ за средба во Владата, е веќе донесена и по завршувањето на жалбената постапка која е во тек во Управниот суд, таа ќе стапи во сила.
За одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот „Плавица“, предлогот се прифаќа и Владата се обврзува да ја донесе оваа одлука најдоцна до 17.12.2019.
„Владата изразува надеж дека аргументите и информациите во ова соопштение во однос на условите на ‘Марш за чист воздух’ ќе доведат до средба на која заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина. Ова треба да биде само прв заеднички чекор. Владата смета дека со заеднички напори, треба да се работи и понатаму во исполнување и на останатите барања на граѓаните, како и исполнување на Планот за чист воздух“, се наведува во соопштението од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

