Свет
Ким на бел коњ повторно се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, по вторпат за помалку од два месеци го јавна белиот коњ и се искачи на светата планината Паекту, јави севернокорејската агенција КЦНА.
Фотографиите објавени од КЦНА покажуваат дека Ким јава на бел коњ до планината покриена со снег, заедно со неговата сопруга и други официјални лица, кои исто така биле на бели коњи.
Тоа е планина со највисок врв на Корејскиот Полуостров, на која Ким се искачува пред да донесе големи одлуки, потсетува АП.
Во тој контекст, посочува дека последното патување доаѓа во време кога се приближува истекувањето на едногодишниот рок што Ким го даде за Вашингтон да излезе со нови предлози за зачувување на нуклеарната дипломатија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе и за да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави (САД), мора да се помине долг пат. „Мораме да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, им рече Песков на новинарите, пренесе агенцијата РИА.
Тој нагласи дека лидерите на Америка покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше „практично спуштен на нула“ за време на претходната администрација.
Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред се нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа“, рече Песков.
На прашањето на новинарите да ги коментира наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој нагласи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу Америка и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат откако ќе се реши ситуацијата во Украина.
„Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Има многу широки изгледи за тоа“, рече Песков.
Тој оцени дека пристапот на ЕУ кон Украина може да се промени по контактот меѓу Америка и Европа.
„Изјавите на Европејците од Киев сè уште не даваат сигнали за балансиран пристап, но можеби врз основа на резултатите од контактите меѓу Европејците и Американците, Европа некако ќе гравитира кон поголема рамнотежа“, рече тој, пренесе Танјуг.
Европа
Русија разбира дека е техничка грешка, Вучиќ брзо се извини: Кремљ го коментираше гласањето на Србија за европската резолуција за Украина

Брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ на случајното гласање на неговата земја за „антируска резолуција“ во ОН ја задоволи Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија разбира дека се работи за техничка грешка. Се разбира, го слушнавме и го забележавме“, одговори Песков на новинарот на руската државна новинска агенција Тасс, кој го праша дали Кремљ го забележал извинувањето на Вучиќ.
„Се случуваат технички грешки. Се разбира дека ни се допаѓа таква брза реакција од шефот на државата“, додаде тој.
Србија вчера на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за европска резолуција за Украина. Меѓутоа, претседателот Александар Вучиќ набрзо изјави дека неговата земја направила грешка и дека требало да покаже воздржаност.
Свет
Небензија: Само Европа сака конфликтот во Украина да продолжи

Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи и прави се што може за да се спротивстави на неговото решавање, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија.
– Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи. Русија ги повикува сите оние кои навистина сакаат траен мир да не му дозволат на владетелот на Киев, чиј мандат е истечен, и оние кои ги влечат неговите конци да ги попречат руските и американските напори за решавање на конфликтот“, рече Небензија.
Тој додаде дека Русија исто така ги повикува Европејците кои го задржале својот здрав разум да се дистанцираат од злосторствата на режимот на Владимир Зеленски и властите во Киев.
Според него, резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина претставува почетна точка за понатамошни напори за решавање на украинската криза.
– Усвоениот текст го гледаме само како почетна точка за понатамошни напори за мирно решавање на украинската криза. Текстот што сега е усвоен не е идеален, но во суштина е прв обид да се усвои конструктивен и прогресивен производ на Советот, кој зборува за патот кон мирот, а не за поттикнување конфликти – оцени тој.
Генералното собрание на ОН усвои антируска резолуција за Украина, при што 93 земји гласаа за, 18 против, а 65 беа воздржани.
Резолуцијата беше подготвена од Украина во соработка со повеќе од 50 земји, но за прв пат без поддршка од САД.
Антирускиот текст на резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија. Тој исто така го содржи традиционалниот едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата.