Свет
Шефот на кинеската дипломатија за првпат во Кореја од 2015 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/Kinez.jpeg)
Кинескиот министер за надворешни работи го посети Сеул за првпат по четири години, бидејќи двете земји се обидуваат да ги поправат односите нарушени со распоредувањето на американските ракетни системи во Јужна Кореја.
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, ќе се сретне со јужнокорејскиот колега Кан Кион-хва и претседателот Мун Џае-ин за време на дводневната посета, соопштија официјални лица во Сеул.
Ји последен пат го посети главниот град на Јужна Кореја во 2015 година, кога присуствуваше на трилатералниот состанок на кој учествуваше и Јапонија.
Една година подоцна односите се влошија заради планираното распоредување на американскиот противракетен одбранбен систем ТААД, во Јужна Кореја, дизајниран за пресретнување на балистички ракети.
Пекинг соопшти дека тоа ја вознемирило регионалната безбедносна мрежа, велејќи дека моќниот радар на системот може да достигне до територијата на Кина.
Јужна Кореја и САД продолжија со планот и во 2017 година поставија противракетен одбранбен систем, во кој се изјаснија дека тоа е оправдано поради провокациите на Северна Кореја.
Северна Кореја истрела десетици проектили откако Мун Џае-ин стана претседател на Јужна Кореја во 2017 година, а последниот беше истрелан на Денот на благодарноста минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/putin4.jpg)
Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.
„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.
Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.
Свет
„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/bajden-tramp.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.
„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.
По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.
„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.
По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.