Свет
Кина со сериозна закана до САД: „Вашите одлуки скапо ќе ги платите“
Кина денеска ги предупреди САД дека ќе мора да платат висока цена за предлог-законот што беше донесен во Претставничкиот дом, со кој се бараат санкции за Пекинг поради затворањето на муслиманското малцинство Ујгури во логори.
„Дали мислите дека ќе останеме рамнодушни ако американските активности ги повредат интересите на Кина?“, праша Хуа Чунјинг, портпаролка на Министерството за надворешни работи.
„Мислам дека за секоја грешка направена со зборови или дела мора да се плати. Сторителите мора да платат цена за тоа“, рече таа на редовна прес-конференција.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во вторникот со големо мнозинство го усвои предлог-законот со кој се бара санкционирање на високи кинески функционери во провинцијата Ксинџијанг (северозападна Кина).
Организациите за човекови права во Вашингтон го обвинуваат Пекинг дека во оваа провинција, која долго време беше место на крвави атентати, во логори за политичко превоспитување заробил околу милион муслимани, припадници на народот Ујгури.
Пекинг ги отфрла обвинувањата и тврди дека тоа се центри за стручно оспособување, формирани со цел вработување на локалното население за да не падне во искушение да застрани кон радикален исламизам и тероризам.
На прашањето дали ваквата иницијатива на Претставничкиот дом ќе се одрази на тековните трговски преговори што ги водат Пекинг и Вашингтон, портпаролката не одговори директно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.