Црна хроника
Во домовите на двајца скопјани пронајдени кокаин и марихуана, поднесени се кривични пријави

Против 38 и 37-годишен скопјанец од селата Сарај и Глумово поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„На 4 декември во 7 часот, по претходно добиена судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С.(37) при што бил пронајден кокаин. Истиот ден во 7:30 часот при извршен претрес со судска наредба во домот на Р.П.(38) била пронајдена и одземена марихуана и семки од марихуана“, информираат од полицијата.
Двете лица биле приведени и од Судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.