Спорт
Фиго: Не ми гарантираа безбедност на ел класико, па играв
Пред презакажаното ел класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп ноу“ на 18 декември, поранешниот фудбалер на двата клуба, Луис Фиго, вели дека се направила грешка со презакажувањето на мечот бидејќи кога играл тој, никој не му ја гарантирал безбедноста и не сфаќа зошто мора тоа да биде направено сега.
Секако, Фиго го посочува своето славно враќање на „Камп ноу“ по направениот контроверзен трансфер од Барселона во Реал кога беше нарекуван Јуда и незадоволството кулминира кога навивачите на каталонскиот клуб фрлија свинска глава кон него.
„Играв во Барселона и мојата безбедност не беше гарантирана. Не гледам зошто сега мечот се одложи и зошто беше барано да се смени датумот. Кога ќе се смени датум на толку важен меч, им се дава сила на тие луѓе што сакаат да бидат чуени. Фудбалот не треба да биде политички“, вели Португалецот.
По изјавата на Емануел Пети дека додека играл за Барселона владеела расистичка и националистичка атмосфера и дека бил принудуван да научи каталонски јазик, Фиго вели дека во негово време тоа не постоело.
„Во мое време немаше ништо такво. Никогаш не почувствував расизам, ниту нетрпение. Напротив, јас бев странец и бев многу попопуларен од шпанските фудбалери“, вели Фиго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Недеви на карате семинар во Виндзор, Англија

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија.
Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски шампион во традиционално карате во ИАКФ/ИТКФ. Масао Кавазое 8 дан, шеф инструктор на Англија и Такаши Наито 8 дан, шеф инструктор на Италија.
Сите тројца се врвни карате мајстори членови на ИТКФ и ЈКА едни од првите и најмасовните карате организации во светот. Дејан Недев и овој пат беше еден од главните асистенти на карате семинариот во Винзор. На семинарот учествуваат над 500 каратисти од цел свет, а Македонија ја преставуваат: Камелија, Филип и Тадеј Недеви.
Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.