Свет
Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат
Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е прво негово интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европската комисија.
Туск вели дека брегзит е „најтажно искуство“ за него во петте години од неговиот мандат, во бурен период обележан со кризата на еврозоната во Грција, вжештени дискусии за миграцијата и доаѓањето на Доналд Трамп на власт.
„Гардијан“ пишува дека Туск смета дека поранешниот британски премиер Дејвид Камерон погрешил со организирањето на референдум на кој „немал шанси да победи“. Туск исто така откри дека утрото по гласањето, тој сепак верувал дека одлуката може да биде поништена.
„Мојата намера беше да ја проширам целата дебата во Европа, но и во Велика Британија. Со ова, можеби (секако наивно) се надевав дека резултатот на крајот може да биде различен“, додаде Туск.
Туск го опишува Макрон како „идна надеж на Европа“ и вистински пријател, но вели дека има проблеми со „многу нови идеи и мислења“. Туск исто така се спротивстави на зближувањето на Макрон со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“ на ниту еден од предметите кои биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, ја удриле девојката. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ, ниту во самиот автомобил, ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата Водовод од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ биле на работна задача на 26 март кога во Бањско поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија од каде два дена подоцна Дејан со неговиот татко (73) и неговиот сега починат брат Далибор ( 40), наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.