Спорт
Србија преку Словенија до втората фаза, Шпанија го доби трилерот со Црна Гора

Србија избори пласман во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Србинките во директен дуел ја победија Словенија, 29:27. Во иститот термин, во Ц-групата, Црна Гора и Шпанија решаваа за првото место. Во драматичен меч Шпанките победија, 27:26, со гол постигнат на три секунди до крајот на мечот.
Србија и Словенија во Кумамото одиграа драматичен натпревар во кој победникот беше решен во последните десет минути.
Србинките имаа предност од три гола во второто полувреме, која Словениките ја стигнаа и престигнаа во 46. минута. Во последните десет минути Србија со серија од три гола израмни на 23:23. Драмата продолжи и во решавачките две минути, Словенија не искористи предност од ракометарка повеќе, а хероина на Србија беше Лишчевиќ, која постигна гол, а во наредниот напад украде топка и ги оневозможи Словенките да организираат напад.
Покрај Лишевиќ во финишот се истакна и голманката Томашевиќ, која во последните две минути забележа три одбрани.
Поп-Лазиќ со осум и Лавко со седум гола беа најефикасни кај Србија, додека Словенија ја предводеа Станко со десет и Грос со осум гола.
Во дербито во Ц-групата, Црногорките доминираа против Шпанија 45 минути, а потоа се случи неверојатен пад во нивната игра. При водство, 23:19, Црногорките на своите противнички им дозволија серија од седум гола (23:26).
Драмата кулминираше во последните 30 секунди. Јауковиќ израмни на 26:26 , а потоа во последниот напад, на три секунди до крајот Кабрал постигна гол за победа на Шпанија.
Црногорките на овој меч имаа 19 загубени топки.
Кабрал и Пења со по шест гола ја предвидеа Шпанија, додека најефикасни кај Црна Гора беа Радичевиќ со седум и Раичевиќ со четири гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА