Вести
Путин: Изборот на Украија ја турна земјата во раскол

Рускиот петседател, Владимир Путин, изјавил дека обидот на Украина да и се наметне избор помеѓу Европа и Русија ја турнал земјата во раскол, додавајќи дека во моментов југоистокот на земјата се соочува со хуманитарна катастрофа.
„Антиуставниот државен удар во Киев, обидот на украинскиот народ да му се наметне вештачки избор помеѓу Европа и Русија, ја турнаа земјата во раскол и болни внатрешни судири“, истакнал Путин на свеченоста за врачување на акредитивите на повеќе нови амбасадори во Русија, пренесуваат руските медиуми.
Рускиот претседател нагласил дека Украина итно треба да се врати на патот на мирот, дојалогот и слогата, осигурување на долгорочен режим за прекин на огнот, како неопходен услов за водење содржински преговори помеѓу властите во Киев и претставниците од југоисточните региони.
Според Путин, Русија искрено се труди да допринесе за ваквиот мировен процес.
„Ние се залагаме за потполн прекин на огнот и крвопролевањата на целата територија на конфликтните региони, меѓу другото и по должината на нашата граница“, рекол претседателот на Русија.
Режимот на едностран прекин на огнот на југоистокот во Украина истече вечерта во четвртокот на во 22 часот по локално време, соопштила администрацијата на украинскиот претседател, Петро Порошенко и Советот за национална безбедност и одбрана.
Путин изразил загриженост поради продолжувањето на судирите во Украина.
„На југоистокот од земјата се уште се пролева крв, се случува реална хуманитарна катастрофа, десетици илјади бегалци се принудени спас да бараат на територијата на Русија, гинат и намерно се прогонувани новинари, кои ја извршуваат својата професионална должност, се кршат сите норми и конвенции, се напаѓаат дипломати, како што тоа беше случај со амбасадата на Русија во Киев и генералниот конзулат во Одеса“, истакнал рускиот претседател, Владимир Путин, пренесува РИА Новости.
Путин констатирал дека во светот расте недовербата и кризните ситуации кои може само заеднички да се совладаат.
„Русија доследно се заложува за јакнење на атмосферата на отвореност на светската сцена, за решавање на постоечките проблеми со политичко – дипломатски методи, како во Сирија, така и за иранската нуклеарна програма, Корејскиот полуостров, Авганистан, Блискиот исток или, за жал денеска, и Украина“, рекол Путин, пренесува Итар – Тасс.
Претседателот на Русија притоа, нагласил, дека земјата секогаш била и останува верен испорачувач на енергенси во Европа, како и дека има цврста намера своите обврски да ги исполнува и во иднина.
„Речиси 50 години стабилно остваруваме извоз на енергенси во европските држави, потполно ги исполнуваме нашите обврски и имаме намера дака да постапуваме и во иднина“, нагласил Путин./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.