Свет
(Видео) Момче со Даунов синдром го теши врсникот со аутизам
Снимкaта на момче со Даунов синдром, коe го теши врсникот со аутизам, стана многу прегледувана и ги трогна срцата на многумина.
Моментот кога грижливото момче се обидува да го утеши вознемирениот врсник го забележала учителката во едно училиште во Мексико. Тој ги ставил рацете околу него и му понудил прегратка како утеха.
#VIRAL Un chico Down con un enorme corazón, consolando a su manera a su compañero de grupo, niño autista.
Posted by Jalisco oculto on Петок, 29 ноември 2019
Емпатијата на момчето со Даунов синдром допре многу срца, особено оние што се запознале со кое било дете со пречки во развојот.
Снимката собра повеќе од 22 милиона прегледи, а многумина на социјалните мрежи споделија свои искуства на добрина што ги имале кога се дружеле со деца со Даунов синдром.
„Мојот внук има Даунов синдром. Никогаш не сум запознал почувствително суштество. Тие навистина имаат најголеми и најчисти срца“, коментира едно лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.
Свет
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.
Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.
Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.
Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.