Црна хроника
Уапсени две момчиња кои извршиле 17 кражби во Осломеј и Зајас
Вчера околу 15.30 часот во селото Колибари, Кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле А.Е.(24) од селото Арангел, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во Затворот „Идризово“.
По преземени мерки и по извршен разговор со него било утврдено дека во октомври, ноември и почетокот на декември 2019 година, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на Полициските одделенија Осломеј и Зајас.
Во координација со Полициската станица Гостивар, a во врска со сторените круивични дела, од слобода бил лишен и З.И.(25) од селото Дебреште, Гостиварско, по што бил спроведен во Полициската станица Кичево. За преземените активности бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

