Бизарно
Ѓаволски усни – нов бизарен тренд во светот на убавината и козметичката хирургија
По трендот на брановидни веѓи, во светот на убавината се појавија и брановидни усни. Иако нивното потекло е непознато, се смета дека биле иницирани од руски пластични хирурзи, поточно хирургот Емелијан Брауд. Ѓаволските усни или октопод-усните вклучуваат филери што формираат бранови на надворешните рабови на обете усни.
Судејќи според објавите на „Инстаграм“, овој тренд го прифатија голем број жени. Реакциите беа различни, од ентузијазам до жестоко спротивставување. Но, има и такви што сметаат дека ѓаволските усни се невообичаено естетски привлечни.
Некои жени се впуштија во своја верзија на ѓаволски усни создавајќи ги со шминка или уредувајќи фотографии во фотошоп.
Трендот го коментираа и експертите, кои откриле дека филерите треба да се избегнуваат затоа што може да направат голема штета. Погрешно инјектираните филери може да завршат во крвотокот, што може да има фатални последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.