Европа
Уапсени повеќе лица во антитерористичка акција во Данска

Полицијата во Данска објави дека спровела „сеопфатна и координирана полициска операција“ низ целата земја, поради сомневања за подготовка на терористички напади со милитантен, исламистички мотив.
Полицијата соопшти дека извршила повеќе апсења.
Данските власти објавија дека спречиле неколку екстремистички напади во изминатите години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Новиот германски министер за надворешни работи: Украина може да се потпре на Европа

Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул вети европска поддршка за Украина по неговата посета на Варшава вчера, пишува Киев Индепендент.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц положи заклетва на 6 мај, а Вадефул ја презеде функцијата истиот ден заедно со новиот кабинет. Новите германски претставници ветија континуирана поддршка за Украина во услови на руска агресија.
Вадефул се сретна со полски претставници во Музејот на полската армија во Варшава, каде што разговараа за европската безбедност во контекст на војната на Русија против Украина. „Заедно сега правиме повеќе за европската безбедност, вклучително и финансиски“, рече тој.
Вадефул го предупреди Кремљ дека Германија и Европа ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. „Секој во Москва мора да знае дека Европа ќе ја поддржи Украина“, рече Вадефул.
Мерц претходно објави дека е подготвен да ја зголеми германската поддршка за Украина, вклучително и испраќање ракети со долг дострел „Таурус“ во Киев.
Да потсетиме дека поранешниот германски канцелар Олаф Шолц постојано ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел „Таурус“ поради загриженост за ескалација со Русија.
Европа
Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по локално време кога млад човек вооружен со секира нападнал луѓе на кампусот.
Портпаролот на канцеларијата на окружниот обвинител изјави дека еден административен службеник на универзитетот бил убиен на местото на настанот. Обезбедувачот бил префрлен во болница во критична состојба.
Варшавската полиција потврди дека привела 22-годишен Полјак. Според информациите, станува збор за студент.
Ректорот на универзитетот изјави дека четврток ќе биде ден на жалост во институцијата, нарекувајќи го нападот „огромна трагедија“. „Изразуваме голема тага и сочувство до семејството и најблиските“, се вели во соопштението на ректорот.
Европа
Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална Москва не одговорила на понудата.
„Понудата на Украина за прекин на непријателствата и воспоставување прекин на огнот од најмалку 30 дена останува на сила. Ние не го повлекуваме овој предлог, кој би можел да ѝ даде шанса на дипломатијата“, рече Зеленски во редовното вечерно обраќање на платформата Икс.
Тој додаде дека „апсолутно е фер што руското небо, небото на агресорот, денес не е мирно“, признавајќи дека Украина извршува напади со беспилотни летала врз цели на територијата на Руската Федерација, според Ројтерс.
Зеленски зборуваше неколку часа пред да стапи во сила тридневниот прекин на огнот предложен од Русија за одбележување на годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.