Црна хроника
Судија од Охрид зел мито од 5.000 денари

Судија од Основен суд Охрид побарал и зел 5.000 денари мито од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид.
Педесет и шестгодишниот Р.С. од Охрид бил судија во судски граѓански предмет и го примил митото на 25-ти јануари за да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво. Против него е поднесена кривична пријава за примање поткуп.Во декември минатата година во Охрид, судијата се сретнал со претставник на туженото Трговско друштво и од него побарал поткуп во паричен износ од 15.000 денари, доколку сака истиот како судија овој предмет да го реши во корист на неговата фирма. Вработениот во фирмата му кажал дека сумата била превисока и не можел да му ја даде како поткуп. Во текот на јануари годинава, судијата повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија. Го известил дека претходната барана сума како поткуп од 15.000,00 денари сега ја намалил на износ од 5.000,00 денари.Бараните пари судијата ги примил на 25-ти овој месец напладне во просториите на Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз Охрид. Истиот ден, по наредба од судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид во простории на фирмата, а во присуство на адвокат бил извршен претрес на пријавениот при што во негов лев преден џеб од пантолони беа пронајдени пет банкноти од по илјада денари со обележани сериски броеви и криминалистичко-технички претходно обработени кои ги примил како поткуп. За претресот извршен е записник а парите и неговиот мобилен телефон со потврда се одземени./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.