Спорт
Богдан ја реши Оклахома, Харден броеше до 55, Вокер до 44 (Видео)

Богдан Богдановиќ, Џејмс Харден, Леброн Џејмс и Кемба Вокер ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Српскиот репрезентативец Богдановиќ постигна тројка на 13 секунди до крајот на мечот со која на Сакраменто им ја донесе победата над Оклахома 94:93. Богдановќ натпреварот го заврши со 17 поени.
Хјустон победија во Кливленд 116:110. Брилијантен меч одигра „Брадата“ Харден кој погоди 10 тројки од 18 обиди. Мечот го заврши со 55 поени, три скока и осум асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс победија во Орландо 96:87. Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл учинок (25 поени, 11 скока, 10 асистенции).
Индијана во дербито на Истокот ги победија Бостон Селтикс 122:117. До победата Пејсерс ги предводеа Малком Бронгдон со 27 поени и осум асистенции односно Домантас Сабонис со 15 поени, 14 скока и осум асистенции.
Бесотн не успеаја да го избегнат поразот иако Кемба Вокер мечот го заврши со 44 поени.
Резултати:
Орландо-ЛА Лејкерс 87:96
Торонто-ЛА Клиперс 92:112
Бруклин-Шарлот 108:113
Чикаго-Атланта 136:102
Минесота-Јута 116:127
Финикс-Мемфис 109:115
Милвоки-Њу Орлеанс 127:112
Сакраменто-Оклахома 94:93
Голден стејт-Њујорк 122:124
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.
Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин