Контакт

Вести

Хаг: MH17 е погоден со голем број проектили и распарчен во лет

Објавено пред

Малезискиот авион, соборен во средината на јули на истокот на Украина, е погоден во лет со „голем број проектили со исклучителна брзина“, што го распарчиле леталото на парчиња, се наведува во првиот официјален извештај на холандските вештаци објавен во вторник.

dobivaj vesti na viber

„Летот MH17 „boing 777-200“ на Malaysia Airlines се распарчил во лет, веројатно поради структурални оштетувања предизвикани од голем број проектили со голема сила што го погодиле леталото“, наведува холандското истражно биро за безбедност, задолжено за истрагата за падот на авионот. 

Холандските вештаци, како што и најавија, не наведуваат дали авионот што летал на линија Амстердам-Куала Лумпур е соборен со ракета, како ни тоа кој би можел да биде одговорен за несреќата. 

Причината за несреќата на малезискиот авион „Boeing“ над источна Украина биле структурни оштетувања предизвикани однадвор, се вели во прелиминарниот извештај објавен во вторникот од страна советот за безбедност на Холандија, чии државјани беа најбројни меѓу 298-те жртви на летот МН17 на релација Амстердам – Куалалумпур кој се урна на 17-ти јули 60-ина километри од украинско-руската граница во областа на градот Донецк, контролирана од проруските бунтовници.

Според првичните резултати од истрагата, авионот се распаднал во лет. „Авионот се распаднал на делови во воздух, веројатно како структурни оштетувања, предизвикани од надворешно влијание на високо енергетски објекти“, се истакнува во извештајот.

Како што произлегува од изводите од „црните кутии“, кои сé уште не се потврдени, причина за трагедијата не технички недостаток во системот на авионот или грешка на екипажот. Според извештајот, показателите за работа на моторите на леталото за време на летот биле во нормалата. Покрај тоа, експертите во извештајот навеле дека „авионот бил прегледан за летот, кога полетувал од Амстердам“ и технички проблеми не биле откриени.

Евиденцијата за комуникацијата со украинските контролори на летањето потврдуваат дека екипажот не испратил никакви повици за итни ситуации. Последниот повик на диспечерот се регистрирани меѓу 15,50 и 15,52 часот по македонско време и останал без одговор од екипажот. Се истакнува и дека во 15,49 часот авионот направил отклонување за 3,6 наутички милји кон север од центарот на воздушниот коридор по кој требало да лета.

Според податоците на холандскиот Совет за безбедност, финализираниот извештај за истрагата на несреќата за којашто меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва, ќе бидат објавени не порано од една година по несреќата.

АД и Киев ја обвинуваат Русија или проруските бунтовници дека по грешка го собориле малезискиот авион кој н а17-ти јули падна 60 километри од руската граница крај бунтовничкото упориште Донецк. Москва, пак, презентираше информации дека непосредно пред падот покрај патничкиот авион летал украински воен авион, како и дека на територијата на Украина во тој момент бил активен ракетен систем „Бук-1М“ кој може да собори објект на восочина од 10 илјади метри. Притоа, малезиските медиуми објавија мислења на експерти за авионски несреќи, дека на остатоците од авионот имало траги кои потсетуваат на дупки направени од шрапнели од ракета и од топ со какви што се вооружени борбените авиони./крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,...

Македонија1 час

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа3 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет3 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет4 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет4 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка, Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет4 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија16 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ19 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија21 час

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија21 час

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија24 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа1 ден

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија1 ден

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет1 ден

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет1 ден

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет1 ден

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет1 ден

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет1 ден

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...