Македонија
Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици
Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за обвинението за злоупотреба со превозот на ученици во општинските училишта во Битола во предметот на СЈО – „Транспортер“.
Талевски, одговарајќи на прашањата, рече дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски и не му e јасно зошто се обвинети бидејќи тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на учениците.
„Не разбирам зошто сме обвинети, дека сме биле корумпирани и сме правеле штета во буџетот кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го реализираме до крајот Законот за слободниот превоз на начин за да се намалат цените за превозот на учениците“, рече обвинетиот и појасни дека заедно со соработниците пронашле два за 60-ина проценти.
„Цените се понудата. Фиксните точни поединечни цени на релациите. Децата што ќе се возат и следната година со истото превозно средство ќе се возат по утврдените цени поединечно на релациите. Да, утврдена е вредноста на договорот, но не е нумерички утврдена. Утврдена е со начин и метод“, додаде тој.
Претходно, адвокатот Димитар Дангов го праша Талевски за бомбата што беше објавена во јавност алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио.
Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов бидејќи, како што рече, тоа како содржина го нема во доказите.
„Обвинетиот не може да одговори колку чини превозот во Токио…“, рече Кацарска.
Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола.
Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници што наплаќале двојно повисока цена за превозот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

