Црна хроника
Откриени 17 албански државјани во куќа во Желино

Седумнаесет албански државјани кои нелегално работеле во земјава се откриени во куќа во село Желино, тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата во вторник вечер извршила претрес во куќата на Ќ.Н.(77) во тетовското село Желино, при што биле пронајдени 17 албански државјани на возраст од 19 до 53 години, а еден од нив не поседувал лични документи.
Според информациите на МВР, сите оствариле легален влез во Македонија, но непријавено престојувале и работеле на подрачјето.
Полицијата работи на расветлување на сите поединости поврзани со нивниот престој во земјава, по што ќе се соочат со законски предвидените санкции и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа, кој завршил во болница

Синоќа, во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С. Б. (43) од истото село.
Тој, по завршувањето на фудбалскиот натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р. Н. (25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување помош.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ужас на автобуска постојка во Карпош: со закана со нож ограбени тинејџери

Синоќа Д.М.(44) од Куманово пријавил дека во периодот од 14.00 до 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со остар предмет од неговиот 17-годишен син и нивен 15-годишен роднина одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукано од автомобил во движење во Петровец

Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.