Контакт

Вести

САД: Повеќе од половина сојузни држави одбиваат да примат бегалци од Сирија

Објавено пред

Гувернерите на најмалку 27 американски сојузни држава од 50-те, одбија да ги прифатат сириските бегалци поради терористичките напади во Париз, односно сомневањето дека меѓу извршителите на масакрот од петокот вечерта го извршиле самоубијци кои на европскиот континент дошле со реката бегалци од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Како што објави во вторникот американската телевизиска мрежа CNN, откако во понеделникот гувернерите на американските сојузни држави Алабама и Мичиген објавија дека повеќе не сакаат да примаат бегалци од Сирија, а потоа уште девет држави во САД одбија да прифаќаат бегалци од безбедносни причини, следниот ден бројот на овие држави се зголемил на 27.Станува збор за државите Арканзас, Аризона, Алабама, Ајова, Тексас, Мичиген, Мејн,  Масачусетс, Флорида, Илиноис, Северна Каролина, Луизијана, Индијана, Оклахома, Канзас, Џорџија, Њу Хемпшир и други, и во нив освен една, гувернери се републиканците.Според агенцијата Associated Press, пак, вкупно 39 сојузни држави или се категорично против распоредувањето на нивните територии на бегалци од Сирија или се подготвени да дадат согласност, но со големи гаранции.Одбивањето за прифаќањето на бегалците следеше по информациите за тоа дека најмалку еден од терористите во Париз, пристигнал со сириските бегалци во Грција на почетокот од октомври и ја минал ткн балканска рута.За суспендирање на програмата за прифаќање на бегалците, во прв ред истапуваат и мнозинството од кандидатите на Републиканската партија за партиската номинација на претседателските избори во 2016 година, во прв ред бизнисменот Доналд Трамп, сенаторот на Тексас Тед Круз, сенаторот на Кентаки Ренд Пол. Водечкиот меѓу кандидатите на републиканците, пензионираниот неврохирург од Флорида, афроамериканецот Бен Карсон побара програмата да биде сопрена „веднаш“.Гувернерот на Тексас, Грег Абот, нареди веќе на територијата на оваа сојузна држава да се суспендира федералната програма за прием на распоредување и населување на бегалците од Сирија. Тој е убеден дека федералните власти не „можат веродостојно а направат проверка“ на безбедносниот статус на бегалците и за поддршка на своите тврдења ги зема извештаите од Франција. Станува збор за тоа дека кај еден од извршителите на нападите во Париз беше откриен сириски пасош. Според американските експерти, пак, администрациите на сојузните држави немаат законско право да решаваат кому ќе му дозволат влез и останување во САД. Според Уставот на САД, оваа одлука е резервирана за федералната влада. Сепак, според, коментаторите, неподготвеноста на сојузните држави да ги прифатат бегалците во голема мера ќе ја комплицира намерата на владата.„Темелно разгледувајќи ги терористичките акти насочени против невини луѓе во Париз, јас сум против секој обид да се распоредат сириските бегалци во Алабама во рамките на програмата за прифаќање на бегалците во САД“, изјави гувернерот на Албама, Роберт Бентли, кого го цитира AP.Гувернерот на Аризона, Даг Луси изјави дека при носењето на одлуката „ќе го користи правото на државата за побара итни консултации со федералните власти на САД. Неговиот колега од Ајова, Тери Бронстед изрази намера до следниот бран бегалци да се прецизираат сите поединости од безбедносната проверка на странците. Тој, сепак, признава, дека Законот за бегалците од 1980-те не им дозволува на гувернерите да се инволвираат во разместувањето на бегалците во нивните држави. Бројот бегалци од разни земји, коишто може да дојдат на американска територијата се одредува на годишно ниво врз основа на закони коишто ги носи Конгресот на САД. Во текот на трите последни години, вкупната квота останува неизменета на ниво од 70.000. За следната година администрацијата на претседателот Барак Обама планира да ја зголеми до 75.000 луѓеВо понеделникот портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, изјави дека САД не планираат да ги променат своите планови за прифаќање на сириските бегалци од војната којашто речиси пет години ја пустоши нивната татковина.„Сé уште имаме намера да се придржуваме до планот на претседателот за прифаќање на најмалку 10.000 сириски бегалци во САД во 2016 година. Сметаме дека тоа ќе можеме да го сториме, осигурувајќи ја безбедноста“, изјави Тонер, истакнувајќи дека бегалците коишто доаѓаат во земјата минуваат низ исклучително темелна проверка, во којашто се вклучени неколку агенции. Во септември портпаролот на Белата куќа, Џошуа Ернест, изјави дека САД планираат следната година да примат најмалку 10.000 сириски бегалци. Од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година, САД на својата територија дозволија влез на 2.150 бегалци од оваа блискоисточна земја. Во тековната фискална година САД имаат намера да издадат дозволи за престој на уште 300 сириски бегалци. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ4 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија6 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија7 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија7 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ7 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија7 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија7 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет9 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа10 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет11 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет11 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет12 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет12 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа12 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија22 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет22 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...