Црна хроника
Обложувалници работеле без лиценца
Пет обложувалници работеле незаконски без лиценца или без фискални апарати, во Зајас, Центар Жупа и Грешница.
Пет обложувалници работеле незаконски без лиценца или без фискални апарати, во Зајас, Центар Жупа и Грешница.
Во заедничка координирана акција, СВР Охрид со УЈП контролирани биле дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што во вкупно пет објекти-обложувалници биле констатирани прекршоци согласно законот за игри на среќа и забавни игри.
Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган.
Во обложувалницата во Општината Центар Жупа одземени се пет телевизори, два компјутери, еден принтер, 4.548 денари и друга опрема, од обложувалница во селото Зајас одземени се два телевизори, два компјутери, еден принтер, 1.880 денари и друга опрема а во село Грешница одземени се два телевизори, два компјутери и три принтери.
При контрола во обложувалница во селото Зајас констатирано е дека обавува дејност без регистрирана фирма за што се изречени глоби врз основа на законот за регулирање на готовински промет.
Неправилности се констатирани и во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши каде поради немање фискален апарат, една обложувалница е затворена до 30 дена.
Во согласност со Законот за игрите на среќа и забавните игри, према правните лица каде се констатирани неправилности, ќе бидат и поднесени кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

