Македонија
ГДУ ја утврди изборната програма во пресрет на изборите

Граѓанско Демократска Унија денеска ја одржа својата 5-та Седница на Националниот Комитет на ГДУ.
Националниот Комитет на ГДУ ја утврди изборната програма во пресрет на претстојните парламентарни избори. За таа цел, НК на ГДУ го формираше Изборниот Штаб и координаторите по Изборни Единици, согласно постојниот Изборен модел.
Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски е избран за шеф на Изборниот Штаб на ГДУ. Енсер Јусуфоски е избран за координатор за политички прашања. Членови на Изборниот Штаб се Димитар Попандонов, Фросина Китановска, Борче Пачемски, Добре Митрев и Даниел Јорданоски.
На Седницата на НК на ГДУ се формираше и работна група за подготовка на изборната платформа на ГДУ во состав: Ѓорѓи Трендафилов, Горан Рафајловски, Марјан Михов и Перица Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, уште преговараме, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите тарифи на САД кон Македонија од 15 проценти.
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со оваа тема Мицкоски изрази задоволство што Македонија е во групата на држави како Норвешка, Израел и ЕУ, но најави и продолжување на разговорите по кои очекува ново намалување.
„Од она што го видовте од соопштението на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински- односно не се царини, туку се трговски маржи, да ги наречам. Ние сме од 33% намалени на 15, преговорите продолжуваат, во моментов се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори коишто ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерствата и институциите и очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам уште да одиме подоле. Во соседството, од она што беше објавено, ја има Србија со 35%, БиХ со 30%, Швајцарија со 39% и ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ, и јас сакам во оваа прва фаза да се заблагодарам на САД што ја корегираа тарифата од 33% на 15%, ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подоле“, додаде Мицкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.
Македонија
Кој зорт го натера Таравари да биде посредникот на Ахмети кај Мицкоски, прашуваат од „Вреди“

По демаскирањето што му беше направено вчера од собраниската говорница, Арбен Таравари им должи на гласачите искрен одговор: што го натера да ја преземе улогата на посредник на Али Ахмети и на Артан Груби кај Христијан Мицкоски, прашуваат од „Вреди“.
„Зошто Таравари побара од Мицкоски да го земе ДУИ во Владата?
Зошто овој човек дејствуваше скришно за да го врати „политичкиот труп“, како што го нарекуваше тој?
Тој им ги должи овие одговори на граѓаните кои пред неколку месеци побараа гласови за Промената на злото наречена ДУИ“, истакнуваат од оваа партија.
Според нив, нема сомнение дека планот на Артан Груби и Арбен Таравари беше јасен, како што велат, за соборување на „Вреди“ како претставник на волјата на Албанците и враќање на ДУИ на власт низ прозорецот, откако народот ја исфрли низ вратата.
„Целата јавност виде како Таравари, во телевизиските емисии, ги навредуваше „Вреди“ и нејзините гласачи, додека го фалеше премиерот само за да остане во Владата. На идентичен начин, ДУИ во кампањата спомена „кексови и гурабии“ и „чизми на таванот“, додека во собата 161 во Собранието молеше по секоја цена да остане во владата, дури и без претседател на Собранието на Република Северна Македонија, само „Вреди“ да не ги претставува Албанците.
Прашањето што се поставува е следново:
Што го натера Таравари да го изврши ова политичко самоубиство?
Дали беше прашањето за „Ѓока Констракшн“ или некоја уцена од неговиот близок пријател, Фатмир Меџити, оној кој, покрај директорската плата, го вработил за илјада евра месечно“.
Денес, додаваат од „Вреди“ е јасно дека планот на Артан е уништен и маските паднаа.
Таравари, како што потенцираат, заврши во скутот на Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Бујар Османи и целата политичка каста што владееше со оваа земја 20 години, но не реши ниту еден од проблемите на Албанците.
„Вреди“ ќе продолжи да го штити гласот на Албанците од валкани политички пазарења, нагласуваат од оваа партија.
Македонија
Утре, посебен режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул.„Кеј 13-ти Ноември“.
МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.