Македонија
(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала „Борис Трајковски“.
„Денес во Скопје, сите патишта воделе во оваа сала, а само еден пат води од салата кон нашата цел, за која не постојат алтернативи. Ете затоа велиме на прав пат“, рече Заев, обраќајќи им се на присутните со „другарки и другари“.
„Северна Македонија е на јасен чист пат заедно со најсилните сојузи во светот. Од оваа најголема и најбалгодарна цел, нема отстапување. На следние избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредокот и уназадувањето. Направивме многу, а имане уште многу да кажеме и да направиме“, рече Заев.
„Нема скршнување од патот на победата. Поставените темели се силни. Ако на моменти ни се чини дека напредокот ни се остварува бавно, тоа е затоа што е реален. Победата бара посветеност и дисциплина. Ќе победиме затоа што успеавме и успеваме. Ќе победиме зашто е друго е враќање назад кон старите проблеми, кавги и дома и со соседите“, потенцираше лидерот на партијата.
Тој им кажа дека очекува секој член на СДСМ, да почитува и промовира меѓу другарките и другарите во партијата, три принципи за сигурна победа на партијата, а меѓу другото, постојано да зборуваат за успесите и за економијата на прво место.
„Може ли 2,5 да биде повеќе и поодбро од 11? Може. За 2,5 години напрвивме повеќе за домашната економија од пустошот кој го напраивја во измиантите 11 години. Граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобвиките“, говореше Заев пред присутните кои постојано му аплаудираа. Заев во химничен тон од говорницата рече дека се зголемени платите, пензиите, социјалната помош, која, како што кажа е зголемена за 300%.
„Неврботеноста во третиот квартал во 2019 се рекордни 17,1%.Никогаш повеќе вработени луѓе немало во државата. Отвораме повеќе нови фабрики. За 2 години, Владата потпиша 34 нови дговори за странски инвестиции“, кажа Заев и потенцира дека економските политики на власта се одлични.
„По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпшета“, кажа лидерот на пртијата пред присутните. Еееј, слободата ја вративме, демократијата ја вративме“, рече лидерот на партијата.
Заев кажа дека второто правило е дека треба сопартијците постојано да повторуваат и да потсетуваат што направило ВМРО-ДПМНЕ. „Не смееме да дозволиме да се заборави режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска никој не сака да се повтори режим. Постојано да потсетуваме на злоделата на ВМРО-ДПМНЕ. Режим, никогаш повеќе“, рече Заев.
Тој кажа дека меѓи стотиците споменици не се нашол ниту еден споменик на Борис Трајковски, кој го носи името на салата каде што се одржуваше настанот. Заев рече дека има споменик за Ќосето, но немало за Трајковски.
„Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукваме бомби. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот“, рече Заев пред присутните.
„Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар,… Може уште овој месец да ги отпочант процесите за проверка на имот“, рече Заев. Тој го повикува и Судскиот Совет да направи проверки за застарувањето на предметите и да ја провери професионалноста на судиите.
„Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Да ни каже зошто десетици предмети се чувале и останале во фиока на бившиот претседател на Врховнот суд“. Тој ја повика и Европската комисија да го стартува инструментот за проверка и мониторинг во правосудството. „Прочистување во судството започнуав сега веднаш, одма. Правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. Последниот бастион на заробената држава ќе падне. Мора да бидеме подговтвени и да се заагаме во тоа во што верувме“, говореше Заев.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ владеењето на правото го собрало во едно тефтерче и ако се вратат на власт ќе биде уште поошо.
Владејачката партија веќе најави нови настани кои ќе се темелат на клучните столбови на програмата. Кон средината на следниот месец партијата ќе излезе со финалната изборна програма.
Месецов завршува и кампањата „Од врата до врата“. Од партијата се пофалија дека 6000 партиски активисти посетиле приближно 70 илјади семејства
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

