Здравје
Петгодишно момче доби вештачка рака и првпат го прегрна својот брат

Петгодишниот Џејкоб бил предвреме роден без лева рака и до неодамна никој не можел да му помогне. Неговите родители, Џема Тарнер и Крис Скримшо, собрале 16.000 фунти со цел да му овозможат на својот син функционална протеза.
Сепак, експертите верувале дека ваква протеза може да се направи само доколку пациентот има рака до под лакотот. Затоа на Џејкоб никој не можел да му помогне, барем не досега.
Во овој поглед во пресрет им излегол Британецот Бен Рајан, чиј син имал ампутација на раката на десетгодишна возраст. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како професор по психологија и ја основал компанијата „Амбионикс“ со цел да развие специјална хидраулична протеза.
„Амбионикс“ неодамна се спои со полската фирма „Глејз“, која изработува протези, а Џејкоб бил еден од нивните први клиенти.
Желбата на семејството на Џејкоб била да се изработи совршена протеза – лакотот да може да се нагоди на разни позиции, а раката да има механизам за фаќање.
Рајан успеал да ја изработи ваквата механизација, но она што е поважно за Џејкоб е дека раката е голема и зелена како на суперхерој.
„Тоа го сакаше Џејкоб, така што сè излезе совршено“, вели Рајан.
Во четвртокот тој му ја донел новата рака на Џејкоб. Таа совршено се вклопила и функционалноста ги надминала сите очекувања.
„Сега тој може да го гушне брата си и да го држи за рака“, објаснил Рајан.
Мајката на Џејкоб вели дека било прекрасно да се види нејзиниот син со рака. Таа додава дека момчето е навистина задоволно со новата протеза.
Објаснила дека детето не сакало протеза што не е функционална, а дека вештачката рака е зелена бидејќи тој сакал да биде пооинаква од сите други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Топ-5 продукти за производство на колаген, кожата станува сјајна и мазна

Колагенот е протеин кој е неверојатно важен за одржување на младешка кожа. Како што старееме, колагенот се разградува и еластичноста на кожата се губи.
За среќа, одредена храна може да помогне да се надополни овој важен протеин.
Риба
Рибата, особено морската храна, е богата со минерали кои се одговорни за производство на колаген, како што е цинкот. Содржи и многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на влажноста и еластичноста на кожата.
Чиа семиња
Чиа семето се иднината на убавата кожа, пред се благодарение на нивните неверојатни својства. Омега-3 масните киселини, со кои се богати, делуваат против акни и брчки, но и многу поволно делуваат на побрз раст на косата и ноктите.
Зелен зеленчук
Речиси сите зелени зеленчуци содржат хлорофил, пигмент кој го зголемува нивото на проколаген во телото. Хлорофилот исто така ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи за борба против слободните радикали и УВ зраците кои ја оштетуваат кожата.
Домати
Богат е со ликопен, кој ја штити кожата од УВ зраците и ја стимулира синтезата на колаген. Сè што ви треба за здрава, мазна и без акни кожа е свеж домат.
Доматите се богати со витамини, како што се А, Ц, Е, К и Б6, кои на кожата и ја обезбедуваат потребната исхрана.
Со секојдневно консумирање домати, кожата на лицето ќе ви стане сјајна и мазна, а лузните од акните и акните ќе исчезнат. Киселоста во доматите исто така може да помогне во балансирање на нивото на pH во вашата кожа.
Авокадо
Еден од најдобрите извори на здрави масти е авокадото. Содржи и корисни масти кои го подобруваат здравјето на кожата и го зголемуваат производството на колаген.
Според некои истражувања, во земјите каде жителите консумираат големи количини на незаситени масти, појавата на брчки е значително помала.
Забава
(Видео) 7-минутно вежбање за рамен стомак: одличен ако сакате брзи видливи резултати

Доколку немате време, но сакате да имате рамен и затегнат стомак и да бидете подготвени за лето, во тоа може да ви помогнат редовните тренинзи и овие едноставни вежби.
Иако честопати размислуваме за тренирање и слабеење во периодот пред да одиме на одмор, создавањето и, уште поважно, одржувањето на добрите навики е клучно за создавање на идеалната фигура.
Многу луѓе се фокусираат на пределот околу нивниот стомак, што често е предизвик да се во форма, но благодарение на ефективни тренинзи, тоа не е невозможно!
За да постигнете рамен и затегнат стомак, треба да комбинирате правилна исхрана, редовно вежбање и здрави животни навики. Јадете здрава и урамнотежена исхрана која вклучува разновидна храна како што се овошје, зеленчук, цели зрна, немасни протеини и здрави масти.
Исто така, намалете го внесот на преработена храна, брза храна, слатки и газирани пијалоци и внимавајте на големината на порциите за да избегнете прејадување.
Потоа, не заборавајте да хидрирате! Пијте доволно вода во текот на денот за да останете хидрирани, бидејќи водата помага во регулирањето на метаболизмот и варењето.
Независно од тоа што летно време имаме тенденција да бидеме мрзливи, добрите навики и редовното вежбање се клучни за постигнување идеален изглед.
Од друга страна, ова не мора да се долги и напорни тренинзи, бидејќи само неколку минути активност дневно може да бидат доволни за да ги постигнете посакуваните резултати!
Вклучете редовни физички вежби во вашиот распоред што вклучува кардиоваскуларни вежби за согорување на маснотии и вежби за сила за зајакнување на вашите стомачни мускули. Стомачни, планк, вежби за возење велосипед и вежби со пилатес топка може да бидат корисни за зајакнување на вашите стомачни мускули.
Забава
Што е поефикасно: 10.000 чекори дневно или 30 минути вежбање

Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашите животи. Кога фитнес-бројачот покажува 10.000 чекори дневно, ние сме во искушение да се откажеме од претходно планираниот тренинг.
Без разлика дали се работи за спорт или чекори, има премногу нијанси што влијаат на природата на активноста и на нејзината ефикасност.
Дали е навистина подобро да се избере едното или другото?
Кога станува збор за здравјето, не постои едно решение што им одговара за сите. Интензивно одење или напорно вежбање?
Многу експерти сè уште препорачуваат комбинирање на овие два вида вежбање. 10.000 чекори дневно значи дека сè уште сте активни, но ниту спортот не треба да се отпише. Аеробниот тренинг или тренингот на сила е уште еден клуч за здравје и благосостојба.
Тренингот на сила ги гради мускулите, кои се сметаат за метаболистички активно ткиво во телото и затоа се одговорни за целокупното здравје.
Ако од која било причина имате само 30 минути за вежбање, треба да се потрудите. Се препорачува да изберете интервален тренинг со висок интензитет, кој комбинира аеробни и вежби на сила.
Ова оптоварување е оптимално не само за одржување на формата туку и за здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Следете ги вашите чекори
Промената на режимот на тренирање не значи дека треба да заборавите на бројачот на чекори. Напротив, продолжете да го следите овој индикатор за да знаете колку сте биле активни во текот на денот.
Посакуваниот резултат на подолг временски период ќе биде одличен мотиватор да продолжите да се движите, па дури и да ви помогне да ги завршите тие 30 минути тренинг кога воопшто немате енергија.
Обидете се да комбинирате вежби и продолжете да одите – дури и ако ви се чини дека таквите оптоварувања се минимални.