Македонија
(Видео) Земон: Mали се шансите организацијата на изборите да се смени во една изборна единица

Пратеникот Рубин Земон, еден од 17-те пратеници што ги иницираа измените на Изборниот законик, на прес-конференција во Собранието рече дека со илјдници амандмани очигледна е намерата за блокада и мали се шансите да се смени организирањето на изборите од шест во една изборна единица.
Тој сепак ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се откажат од блокадата и да седнат на маса да дебатираат и да донесат заедничко решение.
„Очигледна е намерата за блокада, со толкав број амандмани не може да заврши расправата во комисиите. Амандманите се нелогични и нејасни и очигледно немаат намера да ги повлечат затоа што ова не се одлуки на пратениците, туку политички одлуки. Ги повикуваме уште еднаш да седнеме на дебата и да ги донесеме измените затоа што, според нашите истражувања, над 75 отсто се за една изборна единица“, истакна Земон.
Тој рече дека нема информација дали и кога ќе почне амандманската расправа додавајќи дека за тоа требало да одлучи претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.
Уште еднаш потенцира дека не се менува изборниот модел, кој останува пропорционален, туку начинот на организација на изборите од 6 во 1 изборна единица.
Додаде и дека не е точно оти албанскиот блок ќе добиел помалку пратеници, туку со оваа идеја се очекува поголем број пратеници од етничките заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.
Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.