Црна хроника
Струмичанка измамила иселеник во Белгија за 1.650 евра
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 58-годишната Л.И. од Струмица за сторено кривично дело „измама”.
Имено, пријавената во декември 2012 година, од Струмица преку интернет стапила во контакт со Љ.Т., и лажно претставувајќи му се го довела во заблуда дека ќе отпатува во Белгија каде што тој привремено престојува.
За таа цел побарала од него да ги надомести патните трошоци, а тој преку „Вестерн Унион” и дал 650 евра како надомест за билет.
По ова, повторно го довела во заблуда Љ.Т. дека била сопрена на аеродромот „Александар Велики” во Скопје поради немање доволно парични средства како гаранција за нејзиното патување, за што од неговата сметка подигнала уште илјада, а потоа барајќи разни изговори го прекинала контактот со Љ.Т. и не заминала за Белгија./крај/мф//бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

