Македонија
Поради магла, намалена видливост на патиштата низ земјава
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци:
Скопје – Куманово и Куманово – Скопје 100 – 150 метри, Скопје – Тетово – Гостивар, Струмица – Радовиш и Струмица – Валандово до 100 метри, Кичево – Охрид и Охрид – Ресен 150 – 200 метри, Струга – Дебар и Струга – г.п. Ќафасан 20 – 30 метри, на планинскиот премин Ѓавато 20 – 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош, вели СДСМ
„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но јавноста преку медиумите во Бугарија дозна дека не само што се уште има бугарско државјанство туку и целото нејзино семејство има бугарско држајанство и пасош“, вели СДСМ.
„Божиновска исто така се уште нема одговорено ниту за долгот на фирмите од 1 милион евра.
Граѓаните не може да имаат доверба во Божиновска кога таа ја крие вистината и ги лаже“, соопшти СДСМ
Македонија
„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево-Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека единствен приоритет на претходната влада на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.
Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.
Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.
Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.
Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно време со повремен слаб дожд
Променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.