Култура
Со предавањето на Бранислав Димитријевиќ завршува „КРИК 04“

Со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на „КРИК 04“ – Човек без својства политики на маргините, со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности Бранислав Димитријевиќ и неговото предавање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“ . По предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.
Во вториот дел на четврто издание на фестивалот гостува познатите филозофи и
теоретичари Борис Буден и Стефан Новотни, Ариане Шпаниер, како и домашни учесници. А на 15 декември се одржа отворена јавна средба/разговор за состојбата, значењето и иднината на критиката во и за современите уметнички практики.
Во првиот дел на фестивалот КРИК, фестивал за критичка култура организиран од Контрапункт, кој се одржа во текот на јуни, учесници беа: Нејтан
Браун, професор од Канада, Петар Милат, филозоф од Хрватска, Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија. Во рамките на годинашното издание на КРИК, во септември се одржа и работилница за анализа на дискурс наменета за млади
истражувачи со предавачите Мира Беќар, професор по применета лингвистика од Скопје
и Викторија Костадинова, која предава на Универзитетот во Амстердам.
Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики. Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.
Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огромна финансиска поддршка на Валдата на Република Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.