Вести
Трет „супервторник“ во САД, се гласа во пет држави
Милиони Американци во вторникот ќе можат да гласаат на партиските предизбори за номинациите на ноемвриските претседателски избори во пет сојузни држави, во коишто републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон се надеваат на големи победи и дефинитивно отворање на патот за кандидатурата за влез во Белата куќа.
По 1-ви и 15-ти март, изборите во петте сојузни држави, Мериленд, Делавер, Пенсилванија, Конектикат и Род Ајланд, е третиот „супервторник“ во американскиот предизборен процес.
Иако се во голема предност пред своите кандидати, ниту милијардерот Трамп, ниту поранешната државна секретарка Клинтон не можат денеска математички да ја обезбедат номинацијата.
Меѓутоа, големиот број освоени делегати би можело да ги приближи до конечната цел, особено Хилари Клинтон која веќе има речиси недостижна предност во однос на партискиот ривал Берни Сандерс. Таа во анкетите има голема предност во двете најголеми држави, во Пенсилванија и во Мериленд, каде живее голем број афроамериканско население, политички понаклонето кон поранешната шефица на дипломатијата и поранешна прва дама на САД.
Трамп се наоѓа, пак, во малку посложена ситуација. Нему не му е важно само да победи во споменатите држави, туку да освои 58 отсто од вкупниот број од сите преостанати делегати за да освои апсолутно мнозинство потребно за номинацијата, односно 1.237 делегати кај Републиканската партија, и така да ја избегне ткн „отворена“ републиканска конвенција која поради ненаклонетоста кон него на партискиот врв може да ја загуби, иако ќе биде релативен победник на предизборниот циклус.
На неговите протвикандидати, Тед Круз и Џон Кесик, целта им е токму спротивна, да изборат отворена конвенција. Затоа тие двајцата во неделата објавија дека нема да се попречуваат меѓусебно на претстојните предизбори. Од изборниот штаб на Круз соопштија дека тој ќе се фокусира на Индијана и ќе му се истави од патот на Кесик во Орегон и во Ново Мексико, држави во коишто гувернерот на Охајо се надева дека ќе мине добро. За возврат, Кесик, се согласи да се откаже од кампањата во Индијана.
„Да се има Доналд Трамп на врвот во ноември би била сигурна катастрофа за републиканците. Неговата номинација би ја вратила партијата наназад за цела една генерација“, се наведува во соопштението од кампањата на Круз.
Предизборие во Индијана се на 3-ти мај, во Орегон на 17-ти мај, а во Ново Мексико на 7-ми јуни.
Доналд Трамп преку Twitter договорот меѓу неговите ривали го нарече „очај“. „Тед и Кесик се математички мртви и целосно очајни. Нивните донатори и личните интересни групи не се среќни од нив. Тажно!“, напиша милијардерот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.