Црна хроника
Притвор за кумановец кој се заканувал на мајка си и нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 во врска со ст.1 и напад на службено лице при вршење работи од безбедноста од чл.383 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.
„На 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговата мајка со која од претходно имале нарушени односи. Притоа употребил сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот.
При настанот била повикана полиција и полициските службеници се обиделе да разговараат со оштетената. Тогаш осомничениот најпрво со вратата, а потоа и со раката удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда – исеченица. Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван за кривични дела, а живее во иста куќа со оштетената, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи и до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од осум дена“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа

Македонскиот боксерски репрезентативец, 19-годишниот Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа.
Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории, а беше член на струшкиот клуб Синди.
Сочувство до семејството на починатиот млад боксер испрати и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум.
Црна хроника
(Фото) Запленети поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, двајца уапсени

Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово.
При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Судир меѓу „сузуки марути“ и „ауди“: тешко повредена жена од Струга

Вчера околу 19:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2, пред кружен тек, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки марути“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(73) од Струга и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „марути“, Т.П.(76) од Струга, констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.