Свет
Патролите од Велика Британија и Франција пресретнале најмалку 20 мигранти во Ла Манш
Најмалку 20 мигранти кои се обидувале да го преминат Ла Манш со чамци биле пресретнати од британските и француските патролни бродови во раните утрински часови во вторникот, пренесува „Спутник“.
Портпаролот на британското Министерство за внатрешни работи изјави дека секој што го преминува каналот во мал брод презема огромен ризик по нивниот живот и животот на нивните деца.
Приведените мигранти биле пренесени во Довер и приведени за сослушување од официјалните лица за имиграција, објави „Скај њуз“.
Според извештаите во медиумите, има значително зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да преминат од Франција во Велика Британија со чамци. На 17 ноември граничните патроли во Велика Британија пресретнале четири чамци во еден ден надвор во близина на Довер и уапсиле 39 ирански мигранти.
Цитирајќи повеќе извори, „Скај њуз“ проценува дека меѓу декември 2018 и октомври оваа година преку Ла Манш со брод преминале 1.456 нелегални мигранти.
Премиерот Борис Џонсон вети дека ќе го реши прашањето со нелегалната миграција во Велика Британија. Тој одлучи да го укине слободното движење и вети дека ќе ги депортира оние што нелегално го преминале Ла Манш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најстариот човек на светот почина на 112 години
Џон Алфред Тинсвуд, најстариот човек на светот, почина на 112-годишна возраст во Велика Британија, потврди неговото семејство.
Во моментот на неговата смрт, во понеделникот во домот за стари лица во Саутпорт, недалеку од Ливерпул, тој бил опкружен со музика и љубов, додале тие.
Роден е на 26 август 1912 година – годината кога потона Титаник – и стана најстариот човек на светот во април 2024 година, кога Хуан Висенте Перез Мора почина на 114-годишна возраст.
Потоа и официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Зад себе ги остави ќерката Сузан, внуците Анучка, Мариса, Тоби и Руперт и правнуците Табита, Калум и Нива.
„Беше интелигентен, решителен, храбар, смирен во секоја криза, талентиран за математика и одличен соговорник“, велат од неговото семејство.
Сето тоа го искористил за време на Втората светска војна, кога работел во британската армија за да најде изгубени војници и да организира резерви на храна.
Ја запознал сопругата Блодвен на танц и се венчале во 1942 година.
Тие беа заедно 44 години, таа починала во 1986 година.
Неговото семејство вели дека тој бил „активен пензионер“ и волонтирал во црквата.
За себе во интервју за Би-Би-Си изјави дека бил „прилично активен како млад“ и дека „шетал многу“, но дека не знае зошто живеел толку долго.
Тој инсистираше на тоа дека не се разликува од другите.
„Или живеете долго или живеете кратко – нема многу што можете да направите за тоа“.
Според неговите зборови, тој не држел никаква диета, освен што секој петок јадел риба и чипс.
Откако наполни еден век, секоја година добиваше роденденска честитка од кралицата Елизабета, а подоцна и нејзиниот син, кралот Чарлс.
„Би сакале да им се заблагодариме на сите во Обединетото Кралство и ширум светот кои испратија честитки и пораки со поддршка на Џон за неговите родендени, тој навистина ги ценеше.
Џон отсекогаш сакаше да се заблагодари, па затоа во негово име би сакале да им се заблагодариме на сите што се грижеа за него низ годините – негувателите во домот, неговите лекари, медицинските сестри и другиот персонал на NHS“, велат од семејството.
Тие побара сите донации во спомен на Џон да бидат испратени до „Ејџ УК“, организација која се занимава со правата на старите лица, или во добротворна организација по сопствен избор.
Најстариот човек во историјата бил Џиромон Кимура од Јапонија, кој во моментот на смртта во 2013 година имал 116 години и 54 дена.
Најстариот човек на светот моментално е Јапонецот Томико Итока, кој има 116 години.
Свет
Тешка сообраќајка меѓу два училишни автобуси: повредени деца во француски регион
Осум тинејџери се хоспитализирани откако два училишни автобуси се судрија во Лузарш во регионот Вал д’Оаз.
До судирот дошло околу 17:00 часот кога две возила превезувале вкупно 32 основци и средношколци, јавува весникот Паризјен.
Според првите информации, возачот на автобусот закочил или забавил, што го изненадило возачот кој го следел и потоа удрил во задниот дел на првиот автобус.
Вкупно 20 ученици се полесно повредени.
Осуммина биле итно пренесени во болница, особено жалејќи се на болки во вратот.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.