Македонија
Филипче: Сите жени со рак на дојката имаат терапија, набавивме нови 30 лекови

Претседателот на Комисијата за здравство, Венко Филипче, вечерва учествуваше на панел-дискусија на тема „Рак на дојката – третман и психотерапија“, во организација на Форумот на жените на СДСМ на ОО Велес.
„Владата предводена од СДСМ спроведува мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојката. Набавивме нови 30 молекули биолошка терапија, сите пациенти со рак на дојката го имаат потребниот лек. Терапијата е достапна за сите пациенти на кои им е неопходна. Не е како порано оваа терапија да биде достапна само за ограничен број пациенти“, истакна Филипче.
Пред присутните тој информира дека првпат е обезбедена и психолошка поддршка за онколошките пациенти, што претставува едно од најважните сегменти за успешно лекување на болестите.
Од страна на директорот на Клиниката за радиологија и онкологија, Нино Васев, беше посочено дека сега не само што што има нови дигитални мамографи туку новитет се и билошките лекови, кои се достапни за сите.
„Денес се измени процесот за детекција и лекување на ракот на дојката за разлика од порано. Имаме многу нови имунолошки процеси со кои може да се зајакне метаболизмот и да се спречат последиците од процесот на лекување на ракот за дојката. Денес, сите од вас жените треба да знаете дека сте безбедни, дека во случај на најтешко целиот процес е олеснет трипати“, истакна Васев.
На трибината зборуваа и психолози, кои ја потенцираа важноста од психолошка поддршка за заболените од рак на дојката и дека тие веќе не се сами во предизвиците. Тие порачаа дека при примање на терапиите при повторно повторување на болеста психолозите стојат на располагање да овозможат олеснителен процес за сите што имаат потреба од тоа.
Филипче на панел-дискусијата во Велес посочи дека е воведена новина за двојно читање на мамографските слики. Тој појасни дека мамографските снимки за рано откривање рак на дојката се независно анализирани од двајца радиолози, кои имаат искуство на читање вакви снимки од минимум 800 пациентки.
„Во фаза е централизација на сите онколошки оддели што се под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да обезбедиме максимална поддршка на пациентите и во другите градови“, потенцира Филипче и ги повика сите жени да прават редовни лекарски контроли, како и редовни самопрегледи на дојките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвиение за омраза кон директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија: Извикувал нацистички поздрави и пцуел на германски јазик

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија.
На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик.
Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.
Македонија
Искршен штаб на СДСМ во Градско, партијата бара Тошковски веднаш да постапи

Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Според партијата, овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.
„Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни. Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти“, велат од СДСМ.
Од партијата бараат МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.
„СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија. Од народната волја бегање нема а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите“, велат од СДСМ.
Македонија
Од почетокот на годинава 18.458 казни за возење без возачка дозвола

Во периодот од 1 јануари до 30 септември во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите Сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.
Притоа најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Струмица и Скопје, 3.275 и 3.202 прекршоци, понатаму на територија на СВР Битола санкционирани се 2.811 возачи за возење без возачка дозвола, на подрачје на СВР Тетово изречени се 2.086 мерки, а во СВР Куманово санкционирани се 1.660 возачи за управување без возачка дозвола.
Во првата недела од октомври, односно заклучно со 07.10.2025 година во рамки на сообраќајните контроли досега констатирани се 373 прекршоци за учество во сообраќај без возачка дозвола.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа сите да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта за сите нас“, велат од МВР.