Свет
Силен земјотрес во Кина, деветмина повредени

Најмалку девет лица се повредени денес во земјотрес со јачина од 5,2 степени што го погоди градот Нанџијанг во кинеската провинција Сечуан, јавуваат кинеските медиуми.
Како што пренесува порталот CGTN, земјотресот е регистриран во 8:14 часот по локално време.
Четири повредени лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.
Земјотресот уништи 20 домови, додека 11.968 домаќинства останаа бе струја.
Повеќе од 2.000 спасувачи, вклучувајќи полиција, служби за итни случаи, пожарникари, учествуваат во спасувачката акција.
Сеизмолозите велат дека е малку веројатно дека голем земјотрес ќе го погоди регионот во наредните денови.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих Мерц, лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Германија.
„Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во воена состојба не може да стане членка на НАТО или на Европската унија“, истакна Мерц во интервју за весникот „Ханделсблат“.
Во исто време, ветувањето на Киев за членство во двете асоцијации останува на сила.
Во февруари, Унгарија стави вето на почетокот на првата фаза од преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.
Подоцна, дипломати од Шведска, Финска, Данска, Латвија, Литванија и Естонија го повикаа Брисел да даде конкретни предлози за процесот на пристапување на земјата.
Регион
Ердоган: Зачувувањето на уставниот поредок на Босна и Херцеговина е важно за Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на средбата со членовите на Претседателството на БиХ во Анталија изјави дека Анкара придава посебно значење на зачувувањето на стабилноста на Балканот, како и на заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и уставниот поредок на БиХ.
На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Ердоган се сретна со претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и членовите на Претседателството Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.
Според соопштението од Кабинетот на Ердоган, на средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Турција и Босна и Херцеговина, како и за регионални и глобални прашања.
Ердоган истакна дека Турција придава значење на зачувувањето на стабилноста на Балканот, како и заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина, пренесува Анадолија.
Тој повтори дека Турција се труди никогаш да не се повторат болните искуства од минатото во Босна и Херцеговина.
Посочи дека во оваа смисла Турција очекува актуелната политичка криза да се надмине со што помали штети и да се постигне општо прифатен договор во кој ќе учествуваат сите актери.
Нагласи и дека поддршката на Турција за Босна и Херцеговина ќе продолжи.
Свет
Силен земјотрес во Таџикистан

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри, на 38 километри источно од Рашт, Таџикистан.
Според прелиминарните податоци има оштетувања на згради. Засега нема информации за жртви.