Црна хроника
Велосипедист загина во Прилеп

Едно, засега неидентификувано лице загина при судар на автомобил и велосипед во понеделникот во Прилеп.
Несреќата се случила во 19:20 часот, на бул. „Маршал Тито” кога возило „Рено” управувано од 54-годишен прилепчанец удрило во велосипед „Пони” управуван од непознато машко лице.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Прилеп бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.
Надлежните органи извршија увид на лице место. Над возачот на возилото извршено е алкотестирање при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,25 промили. Во тек се активности за утврдување на идентитетот на велосипедистот и за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец измамен за 23.000 евра – мислел дека помага да си го вработи внукот, налетал на измамник

Во полицијата пријавен случај на измама со лажно вработување.
Измамен е 65-годишен скопјанец, од кого, спроред пријавеното, измамникот успеал да земе 23.000 евра.
Скопјанецот во неколку наврати му ги дал парите, за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.
Од МВР велат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две жени натепани од поранешните партнери во своите домови

Две жени вчера во Скопје биле нападнати од страна на нивните поранешни партнери.
Во првиот случај, 51-годишна жена од скопско пријавила дека околу 18 часот во домот била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.П.(49).
Неколку часа подоцна, 31-годишна жена од Битола, со престој во Скопје, пријавила дека пред нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Р.К.(34) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Црна хроника
Момче две години ја демнело својата сосетка во Крива Паланка – ја следело, па ѝ се заканувало

Полицијата поднесе кривична пријава против 27-годишно момче од Крива Паланка за демнење.
Од МВР информираат дека во периодот од март 2023 до април 2025 година, пријавениот ја следел неговата сосетка, ја вознемирувал и ѝ праќал пораки на социјални мрежи со закани дека ќе објави нејзини фотографии и видеа доколку не му даде пари.