Македонија
Сведок на судењето за смртта на Пино: Фуркан рече дека убиле човек, а Ангела потврди
Сведокот Анета Георгиева во исказот пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо рече дека во декември 2018 година дошле кај неа во 6 часот наутро Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска, кои се товарат за убиството на младиот Пино Секондо. Таа се разлутила зошто ја будат толку рано, а кај неа биле приближно еден час.
По одредено време, Фуркан и’ рекол: „Убивме човек“. „Ја погледнав Ангела и таа кажа – ‘да’ и толку беше. Им реков сериозни ли сте? Тие рекоа ‘да’ и ја сменија темата”.
Сведокот кажа дека Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа. „Двајцата беа најнормални”, рече Ѓоргиева.
Претходно сведочеше Рамиз Али, кој кажа дска бил до скопски Синѓелиќ да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје. Тој не можеше да се сети кое било женското лице кое било во возилото со Фуркан.
Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. По првоосомничениот Фуркан Али полицијата сè уште трага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

