Спорт
Евролигата го номинираше Антиќ за тимот на деценијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/Pero-Antic-4.jpg)
Евролигата го номинираше Перо Антиќ за место во најдобриот тим на деценијата во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување на стариот контитнет.
Антиќ во кариерата освоил три шампионски титули во Евролигата. Два пати пехарот го подигнал како играч на Олимпијакос (2012, 2013) и еднаш како играч на Фенербахче (2015).
Кошаркарската кариера ја заврши во 2018 година. Инаку, Антиќ е актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Евролигата го номинираше Перо Антиќ за место во најдобриот тим на деценијата во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување на стариот контитнет.
Антиќ во кариерата освоил три шампионски титули во Евролигата. Два пати пехарот го подигнал како играч на Олимпијакос (2012, 2013) и еднаш како играч на Фенербахче (2015).
Кариера ја заврши во 2018 година. Инаку, Антиќ е актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Евролигата за тимот на деценијата досега има номинирано 42 кошаркари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Ди Марија: Роналдо не е најдобриот во историјата, роден е во погрешно време, има еден со осум златни топки и светска титула
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-33.jpg)
Анхел Ди Марија е еден од ретките фудбалери кој имал можност да биде соиграч со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси ја освои светската титула во 2022 година, со Роналдо во 2014 го крена пехарот во Лигата на шампионите.
Ди Марија ја коментираше неодамнешната изјава на Роналдо кој рече: „дека е најдобриот во историјата на фудбалот и точка“.
„Не сум изненаден, бевме соиграчи четири години“, рече Ди Марија во интервју за „Инфобае“, кој вели дека никој не е подобар од Лионел Меси.
„Отсекогаш било така. Секогаш ги даваше тие изјави, секогаш се трудеше да биде најдобар, но за жал, се роди во погрешно време, во навистина лош момент, бидејќи во исто време се роди уште еден кого го допре волшебното стапче“.
Ди Марија го поткрепува својот став со бројки.
„Едниот има осум Златни топки, другиот пет, тоа е голема разлика. Да се биде светски првак е уште една голема разлика, да се има два трофеи на Копа Америка… Има многу разлики меѓу двајцата, многу. И кога го гледате (Меси) на натпреварите, гледате дека секоја минута од натпреварот ја игра како да се наоѓа во својот двор. И тој тоа го прави 18-20 години“.
Крилниот напаѓач на Бенфика поентираше на крајот.
„Сите велат: „Но, веќе знаеш што ќе направи“. Па, тогаш обидете се да го задржите и тој дефинитивно ќе го направи она што го замислил. И кога ќе наполни 40 години, тој сè уште ќе биде тики-така, тики-така, секогаш било така. Точно, и Кристијано е таков. Секогаш даваше такви изјави, секогаш. За мене Лео е најдобар во светот и најдобар во историјата, без сомнение“, заклучи Ди Марија.
Спорт
Тадиќ и Џеко за мирен реванш на Фенербахче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12818631.jpg)
Фенербахче е многу блиску до пласман во осминафиналето во Лига Европа, најмногу благодарение на српскиот ас Душан Тадиќ и Един Џеко, репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Фенербахче во Истанбул, во првиот меч го совладаа Андерлехт со 3:0 и направи голема залиха во пресрет на реваншот во Брисел.
Гостите ги предводеше Душан Тадиќ. Поранешниот капитен на српската репрезентација погоди со глава во 16. минута од центаршутот на Акчичек.
На 2:0 зголеми Един Џеко кога брилијантно се надоврза на акција во противничкиот шеснаесетник. Конечниот резултат го постави Ен Несири во 57. минута.
Во другите натпревари Ференцварош на домашен терен славеше над Викторија Плзен со 1-0 со голот на Абу Фани во 23. минута.
На дуелот меѓу Митјиланд и Реал Сосиедад гостите победија со 2:1, а сите голови беа постигнати во првото полувреме. Мендез и Кубо беа прецизни за 2:0, а конечниот резултат Букс го поставија во 39. минута.
Ајакс во Белгија го победи Ројал Унион со 2:0. Стрелци во вторите 45 минути беа Расмусен и Мокио.
Спорт
(Видео) Чурлинов со Јагиелонија на чекор до пласман во осминафиналето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739472381-FK_TSC_v_Jagiellonia_Bialystok_CONFPO-A01374.jpg)
Јагиелонија со Дарко Чурлинов во тимот оствари триумф 3:1 во Бачка Топола, над ТСЦ, во плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига. Полскиот тим направи реваншот да биде само формалност.
ТСЦ подобро влезе во натпреварот и со прекрасниот гол на Престиж дојде до предност в 28.минута. Јагиелонија експресно се врати во натпреварот, во 31.минута изедначи Шпанецот Имаз.
Полјаците во финишот го нокаутираа српскиот претставник, пресвртот го комплетирашше Пулулу во 81, а точка на мечот во претпоследната минута со својот втор гол стави Имаз.
Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов на теренот беше до 70.минута.
Резултати:
Целје-АПОЕЛ 2:2
Молде-Шамрок Роверс 0:1
Викингур Рејкјавик-Панатинаикос 2.1.