Македонија
САД и донираа опрема на македонската Царина вредна 52.500 долари

Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија, на Царинската управа и врачи опрема – пет видеоскопски инспекциски системи наменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари.
Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во откривање и спречување на недозволена трговија и заштита на границите.Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS, на Царинската управа Aмбасадата на САД ѝ донираше оперативна опрема во вредност од околу 2 милиони американски долари, заедно со обуки за користење на истата, кои имаат за цел да го унапредат целокупното царинско работење и да придонесат за постигнување на подобри резултати, во насока на олеснување на меѓународната трговија и безбедноста на општеството. Имено, од почетокот на 2016 година до сега, со помош на опремата донирана во рамките на Програмата EXBS, царинските службеници меѓудругото пронајдоа и запленија 4.536 парчиња разни лекови, 25.000 евра, 28 кг марихуана, 60 мл масло од канабис, 24.700 парчиња цигари и 114 кг тутун. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Реализирана исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од Програмата за директни плаќања

Денеска се реализираше исплата на мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација-деловен план.
– мерка 2 – Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.
Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година се изврши исплата за:
– мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки) од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.
Воедно се исплатија и 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.
Економија
Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација, резултатите од нашата работа стануваат видливи

Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои веќе почнуваат да се гледаат видливи резултати од нашата работа, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција.
Таа посочи на податоците објавени од Државниот завод за статистика кои евидентираа намалвуање на стапката на невработеност на историски најниско ниво од 11,9%, зголемување на вработеноста на 46,2%, раст на индустриското производство од 1,4% во јануари 2025 година, раст на извозот за 5%.
„Тоа значи дека 13.067 илјади нови вработувања се реализирани на годишно ниво односно споредено со истиот квартал претходната година, што е економска поткрепа за нововработените лица и еден показател дека во компаниите се создал раст кој поттикнал отворање нови работни места, а тоа во 4 – от квартал од 2024 година се регистрираше и преку остварениот раст на БДП од 3,2%“, рече минисерката.
Според министерката клучно е дека за овој процес да се покрене, а имајќи ги предвид достигнувањата на економијата во првите два квартала од 2024 година, е создавањето предуслови за сигурно бизнис опкружување кое влијае на реализација на инвестиции, отворање нови работни места и повисок стандард. Дополнително ова е клучно и за привлекување и реализација на странски директни инвестиции за кои минатата недела објавивме дека во 2024 година е реализиран историски највисок износ од над 1 милијарда евра.
“Иако станува збор за краток период од имплементација на нашите политики, сепак податоците се охрабрувачки за нас да продолжиме со спроведување на поставениот план. Владата става фокус особено на економијата и инвестициите и на нив го темели вистинскиот напредок. Економијата и компаниите, како и вработените секогаш ќе имаат партнер во Владата. Обезбедивме и веќе почна исплатата на средствата од унгарскиот заем наменет за домашните компании, тоа ќе покрене инвестиции од околу 300 милиони евра кои ќе отворат нови дополнителни работни места наменети за нашите граѓани, за нашата млади кои ќе можат да ја бараат иднината тука во својата земја“, рече минитерката.
Таа на прес-конференцијата посочи дека поволности за компаниите и граѓаните се обезбедени и со приклучувањето на Македонија кон Единствената област за плаќања во евра СЕПА, а за што Владата создаде предуслови преку усогласување со ЕУ регулативите извршените измени на повеќе закони, односно Законот за платежни услуги и платни системи и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам коишто беа услов за нашето приклучување во СЕПА.
„Нашите граѓани кои работат во странство во некоја од СЕПА земјите и кои праќаат пари во Македонија, провизиите при праќањето двојно ќе се намалат од околу 7% на околу 3%. Тоа претставува сериозна заштеда ако се има предвид дека стотици милиони евра се праќаат секоја година. Заштедите на компаниите би биле и поголеми, не само во износи туку и во време. Така, плаќањата помеѓу компанија од Македонија и компанија од земја од СЕПА би биле за само еден ден, а во одредени случаи и за само неколку минути. Со ова ќе се олесни водењето на бизнис и конкурентноста на македонските компании“, потенцира министерката за финансии.
Таа изрази очекувања дека ваквите тенденции ќе продолжат и во наредниот период и дека ќе се оствари стапката на раст за оваа година која е проектирана на 3,7, изјаќи ги предвид и сите ризици кои се присутни.
Економија
Македонија стана членка на СЕПА

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ.
„Од членството во СЕПА очекуваме бројни придобивки за нашите граѓани, компании, но и за економијата во целина. Пред сè очекуваме побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност (еден од највисоките во ЦЈЕ) и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Секако, ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјавата по повод одлуката на Европскиот совет за плаќања со што нашата земја стана членка на СЕПА.
Гувернерката истакна дека членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошно поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржување на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност којашто е јавно добро.
„Нашата економија се карактеризира и со релативно високи приливи на дознаки од странство, коишто достигнуваат и до 15% од БДП. Со оглед на тоа дека дознаките претставуваат значителен дел од расположливиот доход на населението, нема да изостанат придобивките и врз оваа основа“, истакна Ангеловска-Бежоска додавајќи дека за да станат сите овие можности реалност, од особена важност се добрата подготовка и брзото и ефективно приклучување на нашите давателите на платежни услуги кон европските платни системи.
„Овој успех е резултат на посветените напори на тимот на Народната банка, но и на Министерството за финансии и останатите регулаторни тела коишто работеа на усогласувањето на правната рамка и стандардите за работа на платните системи со европските, за што изразувам голема благодарност. Со овој значаен чекор, ја потврдуваме нашата заложба за финансиски напредок и за обезбедување на придобивките од оваа интеграција за секој граѓанин и бизнис во земјава“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.