Вести
Русија ја прилагодува военате доктрина поради НАТО и Украина

До крајот на годинава во Русија ќе се појави прецизирана воена доктрина, условена од надворешнополитичките фактори, ширењето на НАТО, прашањата за противракетната одбрана и ситуацијата во Украина, пренесе во вторникот агенцијата РИА Новости.
Заменик секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов, изјавил за оваа агенција дека во Советот е формирана привремена работна група за подготовка на предлози и измени во воената доктрина, усвоена 2010 година.
„Не се сомневам дека прашањата за приближување на воената инфраструктура на земјите членки на НАТО кон границите на нашата земја, меѓу другото и ширењето на овој блок, ќе го задржи своето место како една од надворешните воени опасности за Русија“, истакнал Попов.
Според неговите зборови, сé појасно е залагањето на САД и државите членки на НАТО да го зајакнат својот стратешки офанзивен потенцијал. Попов нагласил дека станува збор, меѓу другото, за развој на глобален систем за противракетна одбрана, усвојување нови стратешки концепции за употребување на војската, изработка на нови средства за вооружена борба. Според неговите оцени, ситуацијата во Украина е нова фаза на политиките на „обоената револуција“.
„Тоа е поврзано со појавата на новите воени опасности и закани за Русија, кои беа искажани за време на ’арапската пролет’, вооружениот конфликт во Сирија, како и во ситуацијата во Украина и околу неа“, потенцирал Попов.
Заменикот секретар на рускиот совет за национална безбедност рекол дека не е воспоставен рамноправен дијалог со партнерите и дека од Русија постојано се очекува да прави „еднострани отстапувања“ по однос на многу прашања во меѓународните односи.
„Потполно необјективно се одредува улогата и местото на Русија во украинските случувања, и во согласност со тоа, се носат погрешни заклучоци и се усвојуваат некакви мерки“, рекол Попов и додал дека кон Русија е покрената информативно-пропагандна војна без преседан со цел да се формира „лик на непријател“ од Русија, додека врз нејзиниот политички курс се гледа како на нова закана за НАТО.
Според него, на четврти и петти септември во Велс во Британија, на самитот на НАТО планирано е да биде разгледана можноста за зголемување на борбената готовност, мерки за осигурување на долгорочно присуство на воени формации на Алијансата во источна Европа, зголемување на оперативноста на силите за брза реакција на сметка на новите воени бази во источна Европа, додека САД сакаат да ја зајакнат и групата војници во балтичките земји.
„Сите факти сведочат за тежнеењето на раководството на САД и НАТО да ја продолжат линијата на заострување на односите со Русија“, истакнал Попов во интервјуто за РИА Новости./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.