Свет
Индиските власти го исклучија интернетот и воведоа полициски час

Индиските власти го исклучија интернетот во делови од државата Утар Прадеш на северот на земјата и воведоа полициски час во градот Мангалуру, откако три лица загинаа во судирите меѓу полицијата и демонстрантите незадоволни поради дискриминација врз муслиманите во Законот за државјанство.
Демонстрациите се проширија низ Индија од минатата недела, кога Владата претстави нов закон во парламентот. Вкупно седум лица се убиени од почетокот на демонстрациите.
Портпаролот на полицијата, Гуру Камат, изјави дека 20 полицајци се повредени во судирите во Мангалур и дека полициски час е воведен до полноќ на 22 декември.
„Полициските сили се распоредени низ целиот град и ситуацијата е мирна и под контрола во моментот“, истакна Камат.
Еден државен службеник од Утар Прадеш Аваниш Кумар Авасти изјави дека целта на исклучувањето на интернетот е да се спречи дистрибуцијата на пропаганден материјал што може да ја влоши ситуацијата. Полицијата во Утар Прадеш уапси 100 осомничени лица.
Новата регулатива им олеснува на луѓето од немуслиманските малцински нации од земји како Авганистан, Бангладеш и Пакистан кои се населиле во Индија пред 2015 година да добијат државјанство на оваа земја.Критичарите веруваат дека исклучувањето на муслиманите претставува дискриминација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.