Македонија
(Видео) Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење, тој ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите

Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија” одбележува значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа. Тоа го прави нашиот континент уште поубав и пример за почитување на правата на секоја етничка заедница во европското семејство. Тоа е голема вредност, истакна Претседателот на Владата, Зоран Заев на овој настан што e во организација на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија.
„Непосредно после Втората светска војна, и со формирањето на македонската држава, тогаш во југословенската федерација, започнала и грижата за Македонците кои живееле во соседните земји за да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик“, рече Заев.
Со тоа Албанија станала земја која го признава статусот на македонското етничко малцинство, и во Мала Преспа се организирала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, а од страна на државата биле отпечатени и учебници. Процесот се унапредувал и наскоро започнале да се создаваат и образуваат и наставници по македонски од локалното население кое полека почнале да ги заменуваат наставниците испратени од тогашна Социјалистичка Република Македонија.
Сѐ до ден денес во континуитет останува изучувањето на македонскиот јазик како предмет во училишната настава во училиштата на Мала Преспа.
„Се разбира, секогаш може и повеќе и затоа ги развиваме односите меѓу двете земји на највисоко пријателско ниво за да разговараме слободно за можностите. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите за да можат една на друга ги пренесуваат цивилизациските вредности на човештвото“, нагласи премиерот Заев.
На конференцијата премиерот Заев информираше дека новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, кој наскоро ќе биде доенесен предвидува о натамошна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, особено во соседните држави на нашата земја, вклучувајќи ја и Република Албанија.
Македонскиот јазик ќе може да се изучува и во рамките на културните центри при амбасадите на Северна Македонија во странство, како одговор на желбите и предлозите на нашите граѓани од дијаспората.
„Токму затоа, со премиерот Рама работиме на тоа договорот меѓу нашите две држави за отворање на културно информативни центри да биде исполнет во целост. Тоа ќе овозможи наскоро во Скопје и во Тирана да имаме целосно функционални културно-информативни центри кои ќе ги бидат значаен придонес за дополнително надградување на взаемните пријателски односи, и места за факултативно неформално изучување на јазиците на двете земји. Истовремено тоа ќе бидат места каде што ќе можат да се најдатк ниги и други публикации на македонски јазик што ќе помогнат во унпаредувањето на изучувањето на јазикот на Македонците во Албанија“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија Заев, и додаде дека е важно за младите генерации уште од најмала возраст да имаат да се запознавааат со историјата и значењето на мајчиниот јазик за да се поттикне развивање на свеста за неговото зачувување и изучување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.