Спорт
УФЦ: „Корејскиот зомби“ го здроби Едгар и побара дуел со Волкановски (видео)

Чен Сунг Џунг, или попознат како „Корејски зомби“ имаше фантастичен меч за да го победи поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија Френки Едгар по што побара дуел со новокрунисаниот УФЦ шампион во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски.
Јужнокорејската ѕвезда, кој во 2013 година се бореше за УФЦ титулата во перо категорија прво отслужи двегодишна воена обврска во Јужна Кореја, пред да се врати во УФЦ октагонот и да стигне до четири победи во пет меча.
Саботната победа над Едгар на УФЦ Бусан го „цементираше“ како главен кандидат за титулата на Волкановски на почетокот на 2020. Нему му беа потребни само 3 минути и 18 секунди да го декласира Едгар со нокаут во првата рунда.
Покрај „зомбито“ во игра за дуел со Волкановски се и руската ѕвезда Забит Магомедшапиров, Мексиканецот Јаир Родриге и поранешниот шампион Макс Холовеј, кој може да добие ри-меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прва фотографија на Модриќ со дресот на Милан

Капетанот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ (39), е нов играч на Милан.
Модриќ се приклучи на италијанскиот клуб по Светското клупско првенство, каде што последен пат играше за Реал Мадрид.
Милан ќе биде шестиот професионален клуб во богатата кариера на Лука Модриќ. Откако помина низ младинската школа на Динамо, во 2003 година беше испратен на позајмица во мостарскиот Зрињски, каде што помина една сезона. Следната сезона ја започна во Динамо, па беше испратен на позајмица во Интер Запрешиќ. Играше за Динамо во следните три сезони, а потоа во 2008 година замина во Тотенхем, каде што остана четири сезони пред да се пресели во Реал Мадрид. Помина 13 сезони во Реал.
La Scala del Calcio has a new maestro 🎻 #WelcomeModrić
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025
Спорт
Саудијците му понудија милиони на отпишаниот играч на Јунајтед, тој ги одби

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо (21), ја одби понудата од саудискиот клуб Ал Наср, за кој играат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ, објавија британските медиуми.
Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не смета на Аргентинецот, и покрај тоа што минатата сезона постигна 11 голови и оствари 10 асистенции. Гарначо преферира да остане во Европа, а засега најголем интерес за него покажал италијанскиот шампион Наполи, кој се обиде да го доведе уште во зимскиот преоден рок.
Тогаш Наполи понудил 45 милиони евра обештетување, но Јунајтед ја одбил понудата. Италијанскиот клуб и понатаму сака да го види во своите редови, но останува нејасно дали е подготвен да плати 57 милиони евра, колку што бара Јунајтед. Гарначо замина од Атлетико Мадрид во академијата на Манчестер Јунајтед на 16-годишна возраст, а во првиот тим на „Црвените ѓаволи“ влезе во летото 2022. Неговиот актуелен договор со Јунајтед истекува за три години.
Спорт
Читач од усни откри што му кажа Трамп на Палмер кога му ја даде Златната топка за најдобар играч
Читач од усни ги откри разговорите на Доналд Трамп со играчите на Челси откако американскиот претседател се приклучи на прославата на трофејот за Клубски светски шампион на ФИФА, синоќа, објави денес „Дејли мејл“.
Трамп гледаше од трибините како Челси обезбеди изненадувачка победа од 3-0 против европските шампиони ПСЖ. Откако доби третман како ВИП за време на натпреварот заедно со првата дама Меланија и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Трамп зазема централно место за време на презентацијата на трофејот.
Трамп, кој беше исвиркан од дел од публиката, му ја предаде златната ракавица на Роберт Санчез за турнирот. Гледачите можеа да видат како Инфантино го претстави Трамп на Кол Палмер, додека ѕвездата на Челси и Англија се искачуваше да ја прими наградата за најдобар играч на турнирот.
Експертот за читање од усни, Џереми Фримен, откри дека Трамп имал зборови на восхит за Палмер откога ја видел неговата неверојатна игра во финалето.
„Јас сум најголемиот фан на Челси. Јас сум голем фан на вас. Добро сработено“, рече Трамп, според Фриман откога му ја даде Златната топка за најдобар играч на турнирот.
Палмер, за кого се знае дека малку зборува во интервјуата по натпреварите, наводно одговорил ‘Ви благодарам’ пред повторно да се приклучи на своите соиграчи.
Фото: Принтскрин