Забава
Најбогатата лотарија на светот во Шпанија, највисоката можна добивка 400 милиони евра

За голем дел од Шпанците 22 декември е многу важен ден. За време на празничните шопинзи, многумина Шпанци купуваат барем едно лото ливче за да си ја пробаат среќата во традиционалната лотарија за Божиќ.
Вечерва се одржува лотаријата, која е една од најголемите во светот, а најголемата можна добивка изнасува 4 милиони евра.
За овогодинешното извлекување испечатени се 170 ливчиња за секоја од 100.000-те петцифрени комбинации. Едно ливче чини 500 евра, што значи дека, ако сите 17 милиони ливчиња бидат продадени за три милијарди и 400 милиони евра, наградниот фонд ќе биде 2 милијарди и 380 милиони евра.
Но, за многумина 200 евра се многу, поради што ливчињата е можно е да се поделат на десет делови, што секој би го чинело по 20 евра. Тоа значи дека оние кои ќе купат десетти дел од ливчето, кое добило најголема награда од четири милиони евра, ќе добие 400.000 евра.
Ливчињата се продаваат на продажни места на Националната лотарија. Шпанската божиќна лотарија е втора најдолга лотарија на светот. Се одржува секоја година од 1812 година, а првпат било извршено извлекувањето во Кадиз. Лотаријата не била прекината ниту за време на шпанската граѓанска војна, кога извлекувањето се одржало во Валенсија.
Божиќната лотарија, иако е вонредна, не се разликува од редовното извлекување. Ливчињата имаат 100.000 комбинации – петцифрени броеви од 00000 до 99999. Бидејќи на едно ливче е можно да се испечати само една комбинација на броеви, ливчињата секоја година се печатат во повеќе серии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Се појавија нови фотографии од Бела Хадид, луѓето шокирани

Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај своите следбеници.
Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата The Beauty, а нејзината вита линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.
„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да ѝ ги видиш ребрата, изгледа болно“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.
Многумина спомнаа и нарушувања, како анорексија, или дури и зависност.
„Изгледаше како да закрепнала, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие.
Забава
„Не сакам да изгледам како восочна фигура“: обожавателите воодушевени од лицето на Мишел Фајфер

Актерката Мишел Фајфер важи за природна убавица, која не ги крие брчките на лицето. Таа гордо му ги покажува на светот и не се труди да ги прикрие со многу шминка.
Со текот на времето открила и една мала тајна на својот изглед, а тоа е сосема едноставно – не гледа на туѓите коментари.
„Колку стареам, толку станува полесно. Доаѓате до точка каде што сте целосно задоволни со тоа што изгледате добро за вашата возраст наместо да изгледате помладо за вашата возраст. Стигнав до таа точка“.
View this post on Instagram
„Дали би сакала да изгледам како во моите триесетти? Секако, но тоа нема да се случи и не го чувствувам истиот притисок како тогаш. Искрено, тоа е вистинско олеснување“, изјави таа еднаш за „Опра дејли“.
И за магазинот „Пипл“ изјави дека сака грациозно да старее и одбива да изгледа како восочна фигура.
Мишел неодамна на „Инстаграм“ објави селфи од својот дом, на кое во преден план беше нејзиното лице, без трошка шминка.
View this post on Instagram
Природните црти дојдоа до израз, а фановите на „Инстаграм“ велат едно – дека таа е најубавата жена на светот.
И, навистина, познатата актерка старее како убаво вино, а на 67 години може да се пофали со нереална убавина.
Забава
За нив вистината не е оружје: најчесните луѓе се родени во овој знак

Не ги избегнуваат тешките вистини, не се кријат зад нејасни изговори и секогаш ја избираат искреноста, дури и кога тоа не им е најлесниот пат. Ќе ги препознаете по тоа што си го држат зборот, не озборуваат и не играат двојни игри.
Според астрологијата, хороскопскиот знак кој најмногу се истакнува по овие особини е Девицата.
Луѓето родени во овој знак се познати по нивното чувство за праведност, аналитички вештини и морална конзистентност. Тие не толерираат неправда – ниту кон себе, ниту кон другите – и се подготвени да застанат во одбрана на вистината дури и ако тоа значи да се попречат нечиј пат. Нивната искреност не е наивност, туку свесен избор.
За нив вистината не е оружје, туку начин да се зачува редот и довербата.
Девиците се многу совесни и им е тешко да молчат ако почувствуваат дека некој се однесува неправедно. Токму затоа често се доживуваат како „оние кои забележуваат сè“, бидејќи имаат око за детали и јасни критериуми.
Во деловните и приватните односи, тие знаат каде се границите, а нивниот збор секогаш има тежина бидејќи е поддржан од доследност.
Она што ја прави Девицата особено искрена не е само тоа што ја кажува вистината, туку и начинот на кој тоа го прави – смирено, без потреба да понижува никого. За неа вистината не е оружје, туку начин да се зачува редот и довербата во свет кој често заборава колку се важни чесноста и интегритетот.