Спорт
Мурињо: Нема потреба Тотенхем да троши 300 милиони фунти
Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека не му треба голема интервенција во тимот пред јануарскиот преоден рок.
Под Мурињо, Тотенхем имаат пет победи во седум меча и четири победи во пет меча во Премиер лигата, во спротивност на слабата форма (посебно во ПЛ) под Маурисио Почетино. Затоа, Португалецот очекува тивок јануари и сосема е задоволен.
„Опуштен сум бидејќи го добив овој клуб како што го очекував. Очекував да бидам прашан за Даниел Леви и неговата практика да не троши многу и дали сум вознемирен поради тоа. Зошто би било така? Сè е кристално јасно, нема тајна во плановите на тимот и јас сум задоволен. Дали би сакал повеќе да имам 300 милиони фунти во јануари? Не, навистина не би сакал. Не ми се потребни фудбалери во јануари“, објаснува Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баер со триумф во Купот стави точка на неверојатната сезона
Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи
Манчестер јунајтед го освои ФА Купот откако во големото финале на Вембли го совлада Манчестер сити со 2:1. За Јунајтед ова е прв триумф во ФА купот по 2016 година, вкупно 13. во клупската историја.
Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј како менаџер на Манчестер јунајтед. И покрај победата во ФА купот не е сигурно дека Холанѓанецот и наредната сезона ќе биде менаџер на Јунајтед. го коментираше натпреварот.
„Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи. Тоа е она што го правам цела моја кариера“, рече Тен Хаг.
Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната.
Спорт
МЗТ ја одбрани шампионската титулата
Foto/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67.
Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути.
По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.
Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.
Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.