Македонија
(Видео) Макрадули: Оваа година имаме значително намалување на загаденоста на воздухот, тоа е резултат на заедничка акција на сите
Борбата за здрава животна средина и чист воздух е процес, кој бара координирана и интегрирана акција од сите чинители во општеството, од системски мерки на организациско или институционално ниво, до промена на некои навики кај секој од нас лично, порача заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на прес конференција.
Тој нагласи дека ова е прва Влада што не бега од темата за аерозагадување, ниту ја прикрива, туку, како што рече, е прва која презема конкретни мерки.
„Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10. Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите. Резултат на зголемената свест кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа влада. Граѓаните, особено помладите и користат превозни средства кои не загадуваат и сепарираат отпад, но и ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва“ вели Макрадули.
Истакна дека има редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции и како што рече, за прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.
„Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови. Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи. Нашата земја е шампион во реформи во енергетската политика, го намаливме ДДВ-то за парното греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење, исплатливо е навистина, да се греете на струја.
Но, како комплементарен придонес се и мерките од Планот за чист воздух, прв стратешки документ донесен од некоја влада која директно се справува со изворите на загадувањето. Секојдневно сме сведоци на активности каде, пред се во градинките и училиштата се интервенира во замена на начинот на затоплување. Во рамки на Планот за чист воздух: Замена на нееколошките системи за греење во 45 објекти: Досега 4 детски градинки од предвидени 12 градинки, 6 училишта од предвидени 29 училишта и два административни објекти од предвидени четири.
Успешноста на Планот за чист воздух не е само справувањето со аерозагадувањето, туку и заштедата на буџетските средства и еколошка заштита. Успешноста на Планот е и подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите и овозможување на заштеда и на топлинска енергија и намалување на сметките за загревање за 30%. Ова е патот по кој што поминале повеќе европски земји, скоро ист план работат Чешка, Полска, Словачка и Бугарија“ порача Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

