Македонија
Алијанса за Албанците го поддржува штрајкот на пазарџиите
Оваа влада е многу ефикасна при зголемување на обврските на граѓаните и зголемувањето на цените за нив, но истата е многу неефикасна и несовесна при исполнувањето на ветувањата што низ годините самите ги дале пред граѓаните, соопшти Алијанса за Албанците.
„Алијансата за Албанците го поддржува штрајкот на трговците на зелениот пазар, а исто така го повикуваме ‘Скопски пазар’ да ги запре штетните мерки за овие трговци кои решиле чесно да си заработат. Наместо да ги зголемите цените за изнајмување, подобро завршете го проектот што го ветивте уште од 2012 година!
Изборната програма на ДУИ за 2013 година предвидуваше целосна реконструкција на Бит-пазар како многу важен капитален проект. Од тогаш па до сега трговците стотици пати се изманипулирани со датумите за спроведување на проектот. Сега сме во 2019 година, а проектот ветен повеќе од 7 години сè уште не е ни блиску до реализација. Се чини дека на ДУИ во изборната програма за април ќе му треба овој проект како уште една ветувачка алатка за добивање гласови.
Алијансата за Албанците остро реагира на овој пораст на цените, како и на притисокот и одбивањето да им дозволат на трговците да ја изразат својата волја преку демократска форма како што е штрајкот. Влијанието на претпријатието ‘Скопски пазар’ е кршење на човековите права.
Потсетуваме дека ова претпријатие е одговорно за реконструкција на објектот Бит-пазар и не треба да им помага на политичките партии да ја искористат оваа можност за нивна корист“, се вели во реакцијата на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

