Македонија
(Видео) Георгиевски: ВМРО ДПМНЕ удри по граѓаните, го спречи донесувањето на буџетот за 2020 година
ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице. Преку недонесувањето на буџетот на општината за 2020 година, покажа дека воопшто не се грижи за граѓаните на Гази Баба. Единствено важно им е нивниот партиски криминален интерес, обвини градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата која повеќе од 22 години ја раководеше општина Гази Баба и која на последните локани избори доби големо НЕ од граѓаните, поради тоа што ништо, ама баш ништо, нема направено за општината. Сега се осмели да ја закочи целосно работата на општината. Недонесувањето на буџетот за 2020 година значи дека општината нема да може да ги извршува своите обврски. Значи дека на сила ќе мора да стапи времено финансирање во рок од три месеци.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата која со години ја пустошеше државата и општината, сега безмилосно удира по граѓаните на општина Гази Баба. Немањето буџет значи дека нема да може да се продолжи навремено градење на градинката во Стајковци. Да започне изградбата на фекалната канализација во населените места Гоце Делчев, Црешево и Смилковци. Општината нема да има средства да изврши ревитализација на каптажите во Раштак и Булачани. Нема да може конечно да се изградат улиците во новата населба Хиподром 2, улицата Фуштанска, како и улиците во Јурумлери и Трубарево, каде се гради канализациска мрежа.
Недонесувањето на буџетот значи целосно закочување на подготовката на проектите за изградба на нови 4 детски градинки во Синѓелиќ, Инџиково, Ќерамидница и Трубарево.
Блокирани се и проектите за изградба на спортски сали ООУ „Кирил и Методиј“ и ООУ „Наум Охридски“. Закочена е и изградбата на монтажните гаражи во Автокоманда кои беа предвидени во буџетот за 2020 година. Нема да може да се врши сервисирање на уличното осветлување, ниту, пак, да се започне нов проект. Сè тоа на директна штета на граѓаните.
Господа од ВМРО-ДПМНЕ ова ли е вашата обнова на државата која ја нудите?
Ако во вашето работење сите тие 20 години не сте покажале резултати и сте оставиле населени места без вода и канализација, без нормални услови за живот, тогаш оставете не ние што покажавме дека се грижиме за граѓаните да работиме.
Граѓаните на Гази Баба знаат дека во овие две години работите тргнаа, дека општината оди кон подобро и токму тоа е нивната болка.
Јас довербата од вас сум ја добил за да работам во интерес на граѓаните. Да создавам проекти кои ќе го подобрат животот на сите во општината. Од тоа не бегам и заедно со вас продолжувам понатаму. Но јас немам намера повеќе да се молам со советниците на ВМРО-ДПМНЕ пред секоја седница. Моја и обврска на секој советник е да работи во интерес на граѓаните, а не на партијата.
Почитувани граѓани барам поддршка од вас конечно да го сопреме ова лудило. Да им ставиме крај на блокадите и лудостите на ВМРО-ДПМНЕ, кои поради советникот повеќе мислат дека можат да прават што сакаат.
Затоа ве повикувам заедно да се избориме против нивните блокади, ајде заедно да ја ослободиме општината“, рече Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

