Македонија
Царовска во Виница: 15.500 денари просечна пензија во 2020 година со претстојното покачување од околу 900 денари
Потпретседателката на СДСМ и Министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, вечерва се сретна со пензионерите во Виница. Со пензионерите Царовска разговараше за претстојното зголемување на пензиите од идниот месец за околу 700 денари, но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација. На средбата се разговараше и за развојот на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.
„Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земаат за 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари, што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме кога раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 проценти на просечната плата. Со ова Владата предводена од СДСМ покажа дека не прави ад хок зголемувања на пензиите пред избори, туку врз основа на законска рамка”, рече Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека Владата предводена од СДСМ за само една година од спроведувањето на пензиската реформа успеа да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а приходите се зголемени за 10%.
„На почетокот на 2020 година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија е зголемена за вкупно 1.746 денари. Просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.
На средбата присуствуваа и Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров и претседателот на прилепското Здружение на пензионери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

