Европа
Се урна најмодерниот руски ловец „су-57“

На Далечниот Исток на Русија, во близина на Комсомољск на Амур, се урна ловец „т-50“ („су-57“), соопштиле за „Спутник“ во администрацијата на Хабаровскиот крај.
Авионот не припаѓал на војската, туку на локалната фабрика „Гагарин“, која ги произведува авионите.
Инцидентот се случил на 120 километри од аеродромот „Џомги“ при тестирања на моторот.
„Ловецот падна за време на тестирање во тајгата, далеку од Комсомољск на Амур. Пилотот се катапултира“, изјавил градски службеник за „Тасс“. Состојбата на пилотот засега не е позната.
Експертите ја бараат црната кутија. Неофицијално, како главни причини за несреќата се посочуваат дефект на авионот и грешка при пилотот.
Авионот „су-57“ е руски ловец од петтата генерација. Првиот лет на овој авион е извршен во 2010 година. Руското Министерство за одбрана има нарачано 76 од овие ловци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведскиот премиер: Подготвени сме да го чуваме украинското небо

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави во интервју за шведскиот P4 Extra дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина во областа на воздушниот надзор и поморските ресурси, објави Sweden Herald.
Премиерот не одговори на прашањата за испраќање копнени сили во Украина.
„Мислам дека не станува збор за преместување на многу големи единици од други земји во Украина, туку за преземање одговорност од страна на Украина за сопствената земја на начин што е толку кредибилен што Русија нема да се обиде повторно“, нагласи Кристерсон.
Во исто време, тој увери дека Шведска сака да биде вклучена во обезбедувањето сигурносни гаранции за Украина.
„Сакаме да бидеме вклучени, но тоа мора да биде во форми што се безбедни и сигурни и каде што знаете во што се впуштате“, нагласи премиерот.
фото: принтскрин
Европа
Холандија испраќа 300 војници и два системи „Патриот“ во Полска

На почетокот на декември, 300 холандски војници со два системи за воздушна одбрана „Патриот“ и системи против беспилотни летала ќе се упатат кон Полска за да ги заштитат испораките на воена опрема во Украина од руски напади, објави холандскиот НОС.
Системите за воздушна одбрана не се наменети за одбивање на напади на украинска територија, додава холандскиот медиум.
Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека распоредувањето има за цел да го заштити источното крило на НАТО, кое служи како клучна воена база за поддршка на Украина, како и да ја одврати и обесхрабри Русија.
Холандската мисија ќе трае најмалку до крајот на мај. Се забележува дека додека два система „Патриот“ се привремено распоредени во Полска, еден ќе остане во Холандија, што ќе овозможи одржување на националната безбедност.
Министерот, исто така, додаде дека активностите на НАТО во Полска и одвраќањето од Русија придонесуваат за заштитата на Холандија.
Претходно, Холандија се согласи да распореди борбени авиони Ф-35 во Полска, кои ќе го следат воздушниот простор на НАТО заедно со нивните норвешки колеги од 1 септември до 1 декември.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Подготвени сме да обезбедиме војници и оружје за мисијата во Украина

Литванија би била подготвена да придонесе со војници и опрема за која било мировна мисија во Украина, изјави претседателот Гитанас Науседа во телевизиско интервју.
„Подготвени сме да придонесеме со онолку војници колку што дозволува парламентот за мировни операции, како и воена опрема“, изјави Науседа за телевизијата ТВ3.
Во услови на забрзани дипломатски напори за завршување на војната, западните земји разговараат за можноста за испраќање мировници во Украина во случај на мировен договор меѓу Москва и Киев.
фото: принтскрин